evra

10 милијарди Либиски евра, блокирани во Белгија исчезнале без трага

Повеќето од либиски пари од времето на претседателот Гадафи исчезнале без трага. Станува збор за сума од 10 до 16 милијарди евра. Парите биле блокирани и чуван во Белгија во банката Euroclear Bank помеѓу 2013 и 2017 година.

Меѓу 10 и 16 милијарди евра кои припаѓаат на придружбата на поранешниот либиски лидер Муамер Гадафи и разни државни фондови, а кои биле блокирани во септември 2011 година со одлука на ОН, мистериозно исчезнаа од сметката на Euroclear Bank во Белгија помеѓу 2013 и 2017 година , објави белгискиот неделник Ле Виф.

На 29 ноември 2013 година, имало вкупно 16,1 милијарди евра, вклучувајќи 1,9 милијарди евра во готовина. Станува збор за четири сметки во Euroclear банката кои биле отворени од страна на Arab Banking Corporation и HSBC Securities Services во име на државните фондови Libyan Investment Authority и Libyan Foreign Investment Company.

Меѓутоа, кога истражен судија од Брисел побарал да се блокираат повеќе милијарди во контекст на истрагата за перење пари во ноември 2017 година, се покажа дека останале помалку од пет милијарди евра.

Сојузното Министерство за финансии на Белгија не издало никакво овластување за деблокирање на сметката каде што биле парите. Се поставува прашањето дали Брисел правилно ги контролира блокираните средства?

“Постојат индикации дека Белгија не ги почитувала регулативите на ОН, кои наметнаа замрзнување на либиските средства во белгиските банки. Без дозвола, биле ослободени големи суми пари. Кој го одобри деблокирањето на овој имот? Дали постои оправдување за оваа одлука? На кого се платени овие средства? Дали се користат за финансирање на терористички акции? “, запрашал во четвртокот белгискиот медиумски портпарол Жорж Гилкинет.

Извор:logicno

 




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


× 9 = eighty one