Сириската бунтовничка група, Џаиш ал-Ислам, соопшти дека од своите затвори во преградието на Дамаск, Источна Гута ги пуштила борците на Ал-Нусра фронот.

Сириската државна телевизија прикажала снимка од 13 борци и нивните семејства како ја напуштаат енклавата.

Бунтовничката група, Џаиш ал-Ислам, објави преку Твитер дека одлуката е донесена по консултациите со Обединетите нации, неколку меѓународни партнери и претставници на организациите на граѓанското општество од Источна Гута.

“По денешниот состанок со делегацијата која влегла со конвојот на хуманитарна помош, бил постигнат договор за евакуација на првиот дел на припадници на Ал Нусра од затворите, кои биле затворен за време на операцијата на Џаиш ал-Ислам, која започна на 28 април 2017 година”, стои во соопштението на групата, а пренесува Ројтерс.

Извор:faktor

Откажи одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молам ставете го вашето име