vojska sad

Започнаа најголемите досега заеднички воени вежби на САД и Израел, додека Израел продолжуа со закани кон Либан

Илјадници американски и израелски војници ги започнаа досега најголемите заеднички воени вежби и истите ќе траат еден месец. Вежбите се одвиваат во време кога Израел сѐ почесто му се заканува на Либан.

Вежбите наречени “Juniper Cobra 2018 започнаа со симулација на одбраната од ракетните напади врз Израел.

Вежбата ќе вклучува околу 1.400 американски маринци и 1.000 офицери на американската морнарица USEUCOM. Од израелска страна ќе се приклучат околу 2.000 војници.

За цели на воената вежба, американските воени бродови веќе се распоредени пред израелското крајбрежје.




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


six × 4 =