dubai mall

(Фото) Уморни сте од шопинг ? Дубаи Мол има решение !

Колку пати ви се случило тоа што ги “отпаѓаат нозете” додека ги посетувате бутиците во трговски центри и дека единственото нешто за кое во тој момент мислете е место каде што ќе можете да се испружете нозете и да се одморите и да продолжите со разгледување? Менаџерите на Дубаи Мол нашле решение – наскоро ќе бидат инсталирани специјални лежаи за инстант одмор.
Секој лежај ќе биде опремен со адаптери и USB порти за полнење на мобилни уреди, а корисниците ќе можат да изнајмат и перница, така што нивниот одмор би бил уште по пријатен. Час одмор во трговскиот центар ќе чини 40 AED, два часа 75 AED, и три часа 95 AED. Доколку ниту три часа не ви се доволно време за одмор секој дополнителен час ќе чини 20 AED, а изнајмувањето перници е двојно помало.
Дубаи Мол е најголемиот трговски центар во светот по бруто површината за изнајмување област и една од главните атракции на Дубаи. Отворен е пред десет години, опфаќа 1.124.000 квадратни метри и покрај 1200-те бутици, во него има и 22 кина, хотел со 250 соби, 120 ресторани и кафулиња, тематски забавни паркови, аквариум, фонтани, водопади …
Во првата година од работењето Дубаи Мол го посетија 37 милиони луѓе, во 2011 година тоа беше најпосетуваниот трговски центар на планетата, а од 2009 до денес секоја година околу 70 милиони луѓе влегуваат во Дубаи Мол.
Извор:BIRO



Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


5 − = two

%d bloggers like this: