путин-рохани

Русија: Иран може да стане членка на Евроазиската економска унија во мај

Русија соопшти дека Иран би можел да му се приклучи на новиот економски блок уште во мај оваа година, што би претставувало потег што би можело на Русија и Иран да им помогне во избегнувањето на сакнкциите кои им ги наметнува САД.

Рускиот министер за енергија, Александар Новак, за медиумите изјавил дека иранското членство во Евроазиската економска унија (ЕЕУ) би можело да помогне во проширување на билатералната трговија и инвестиции меѓу Техеран и Москва.

“Потегот за влез ќе биде привремен договор за создавање на слободна трговска зона меѓу Иран и Евроазиската економска унија, која во моментов е во напредната фаза и очигледно ќе предизвика понатамошен развој на трговијата и зајакнување на инвестициската соработка”, рекол Новак, кој исто така е копретседател на руско-иранската меѓувладина комисија.

Официјалните претставници во Техеран во декември минатата година соопштија дека Исламската Република очекува формалностите за членство во Евроазиската економска унија наскоро да бидат завршени.

Иранските медиуми ја цитираа Бероуз Хасанолфат, директор на европските и американските институции за промовирање на трговијата со Иран, кој ризјавила дека договорот со земјите-членки на ЕЕУ ќе биде потпишан веќе во февруари 2018 година.

ЕЕУ е економска унија на поранешните советски држави, која ги вклучува Казахстан, Белорусија, Киргистан и Ерменија и Русија. Евроазиската економска унија има за цел да гарантира слободен промет на стоки, услуги, капитал и работници меѓу земјите-членки.

Блокот започна да функционира на 1 јануари 2015 година, а заедно со Кина, која не е член, но тесно соработува со сите земји членки на ЕЕУ, се смета за главна економска сила која може да ја предизвика моќ-та на Европската унија и САД.

Имено, ЕЕУ е единствен пазар кој ги опфаќа Русија, Казахстан, Белорусија, Киргистан и Ерменија и е формиран во 2015 година, но повеќе од 40 земји и меѓународни организации, вклучувајќи ги Кина, Индонезија и некои јужноамерикански земји, изразија интерес за договор за слободна трговија со ЕЕУ. Блокот за трговија, исто така, оствари разговори со Јужна Кореја, Египет и Индија по ова прашање.

ЕЕУ веќе најави дека ќе потпише договор за членство со Иран пред крајот на 2017 година.

Премиерите на Евроазиската економска унија, како приоритет, одлучиле да разговара со Техеран во март, барајќи да се прошири надвор од комбинираниот ЕЕУ-пазар од 183 милиони луѓе.

Рускиот претседател Владимир Путин минатиот август истакнал дека Москва сака Иран да се приклучи кон ЕЕУ, бидејќи ова е чекор што ќе биде клучен за доближување на двете земји до нивните планови за воспоставување на стратешко партнерство.

Потоа, Путин нагласил дека истражувањето веќе започна и ја отвори можноста за создавање на слободна трговска зона меѓу Иран и ЕЕУ.

“Иран е долгогодишен партнер на Русија. Ние веруваме дека билатералните односи ќе бидат заемно корисни, особено поради намалувањето на тензиите по постигнувањето на сеопфатен договор за нуклеарната програма на Иран “, рекол Путин.

Извор:logicno.com




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


+ three = 10