Единаесет луѓе загинале кога турски авион се урнал во југозападниот дел на Иран, објави иранската државна телевизија, пренесува Ројтерс.

Податоците за бројот на жртвите на агенцијата Исна и ја соопштил портпаролот на цивилните воздухопловни власти во Иран.

“Можеме да потврдиме дека турскиот приватен авион кога минуваше низ нашиот воздушен простор исчезна од радарот и се урна во близина на Шар-е-Корда”, изјавил портпаролот.

Како се потврдува, авионот полетал од Шарџа, Обединетите Арапски Емирати, за Истанбул.

Иранската агенција Тасни известува дека станува збор приватен авион.

 

Извор:cdm

Откажи одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молам ставете го вашето име