Пред амбасадите и другите дипломатски објекти во Виена зајакнати се мерките за безбедност откако пред резиденцијата на Иран војник пукал и убил маж кој го забодел со остар предмет, пренесе објави австриската полиција, а пренесува Ројтерс.

Се тврди дека сеуште не е јасно што го мотивирало 26-годишниот маж да изврши напад пред резиденцијата кој се случи синоќа минатата ноќ, половина час пред полноќ, како и тоа дека полицијата ги проверува безбедносните камери.

“Напаѓачот повеќе пати го забодел војникот. Истиот бил спасен од страна на непробојниот заштитен елек кој го носел, изјавил неименуван портпарол на австриската полиција.

Тој додаде дека војнико и напаѓачот се бореле на земјата.

“Војникот добро се бранеше, успеа да стигне до официјално оружје и да пука”, изјавил портпаролот.

Идентитетот на напаѓачот сè уште не е објавен, а до нападот дошло без никакви индикации, објаснил портпаролот на полицијата Харалд Сорос.

Припадник на австриската армија прво се обидел да се одбрани од нападот со нож, и бибер спреј, но бидејќи тоа не било успешно, тој испалил четири куршуми од пиштолот Глок 17, изјави портпаролот на Министерството за одбрана, Мајкл Бауер.

Полицијата објави дека е позната староста на напаѓачот, како и дека поседувал австриско државјанство.

Извор:cdm

Откажи одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молам ставете го вашето име