paok

Суспендирана грчката фудбалска лига !

Грчката фудбалска лига е суспендирана денеска на неопределено време, еден ден откако сопственикот на Солунскиот фудбалски клуб ПАОК Иван Савидис влезе на теренот со пиштол околу појасот. “Одлучивме да го суспендираме шампионатот”, изјавил министерот за спорт, Јоргос Василијадис, по итен состанок на грчката влада.

Тој изјавил дека конкуренцијата нема повторно да започне “ако не постои нова, јасна рамка што сите ќе ја прифатат”.

Василијадис додаде дека Атина е во контакт со Европскиот фудбалски сојуз (УЕФА).

Савидис вчера влезе на теренот во текот на натпреварот против АЕК бесен заради одлуката на судијата заради офсајд да му го поништи голот на ПАОК во 90-тата минута од натпреварот.

Судијата веднаш после тоа го прекина натпреварот на стадионот “Тумба”.

Сопственикот на Солунскиот клуб влезе на терен придружуван  од телохранители.

Полицијата претходно издаде налог за апсење за сопственикот на ПАОК. Истрагата е спроведена и против четири други лица.

Извор:(Vijesti / Бета)




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


+ 4 = ten