bozdag

Заради насилства над турската заедница во Германија: Анкара упати официјална нота до Берлин

Нотата, како што се наведува, упатена е зарадо последните случаи на насилства на приврзаниците на ПЈД/ПКК над припадниците на турските заедници во Германија.

Заменик на премиерот и портпарол на Владата на Турција  Бекир Боздаг, изјави дека Турција испратила дипломатски нота до Берлин заради последните случаи на насилства од страна на приврзаниците на ПЈД/ПКК над припадниците турската заедница во Германија.

- Нашето Министерство за надворешни работи денеска го покани германскиот амбасадор во Анкара. Врачено му е предупредување, како и дипломатска нота – им изјавил Боздаг на новинарите по состанокот на турската влада во Анкара.

Тој, исто така, истакнал дека турските власти во наредниот период внимателно ќе ги следат настаните во Германија кога станува збор за турската заедница.

Во изминатите денови, најмалку две џамии и културна асоцијација во таа земја беа цели на напади и подметнување на пожари откако терористичката организација ПЈД / ПКК се закани со нападите врз турски институции и здруженија во Германија.

Боздаг, исто така, истакна дека во операцијата “Маслиново гранка” во Афран, Сирија неутрализира вкупно досега 3.381 терористи.

- Во рамките на операцијата досега, вклучувајќи ги и припадниците на терористичките организации ПКК, КЦК, ПИД, ЈПГ и ИСИС, 3.381 терористи се неутрализирани, рекол Боздаг.

Тој посочи дека 212 локации, вклучувајќи 175 села и 37 критични точки, биле ставени под контрола во операцијата во Афран.

- Критичните локации во блиската околина на градот Африн целосно се под контрола. Се надеваме дека наскоро централниот дел на Африн ќе биде ослободен од терористи и дека жителите на таа област конечно ќе бидат ослободени од насилството и притисокот што го вршат терористите врз нив “, рекол Боздаг.

Тој нагласи дека досега 1.102 квадратни километри територија е под контрола.

- Ако имаме предвид дека големината на просторот, каде што се изведува операцијата, изнесува 1.920 километри квадратни, така што повеќе од половина од наведената област е ставена под контрола. Инфраструктурата и објектите во оваа област ќе бидат брзо вратени, а сите безбедносни ризици ќе бидат отстранети така што ќе бидат овозможени потребните услови за животот на цивилите – рече Боздаг.

Тој, исто така, истакна дека во редовите на турските сили, загинале 42 лица, а 202 биле ранети од почетокот на операцијата во Африн. Седум цивили загинаа при нападите на терористи од областа Африн во Турција, додека 125 беа повредени.

Извор:faktor

 

 




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


− 5 = three