univerzitet zagreb

Меѓу 1000-те најдобри Универзитети на светот, ниту еден од Македонија

На листата 1000-те најдобри универзитети во светот од земјите на Балканот, се најдоа универзитетите од во Загреб, Љубљана и Белград, јави агенцијата Анадолу (АА).

Според ранг листата на најдобрите универзитети во светот за 2018 година, на британскиот институт Quacquarelli Symonds (QS), најдобра високообразовна институција во балканскиот регион, е Универзитетот во Загреб, које е рангиран на помеѓу 601 до 650. позиција на оваа престижна листа.

Според истиот извор, Универзитетот во Љубљана е помеѓу 651 и 700, додека Универзитетот во Белград е во групата помеѓу 801 и 1000. позиција.

Ниту еден од универзитетите од Босна и Херцеговина, Црна Гора, Македонија и Албанија не е во редот за оваа година.

МИТ е најдобар универзитет во светот

Според рангирањето на Quacquarelli Symonds Institute (QS), најдобар универзитет во светот е Институтот за технологија Масачусетс (МИТ), после него следуваат Стенфорд, Харвард, Калтех, Кембриџ, Оксфорд, УКЛ (Универзитетски колеџ во Лондон) , Кралскиот колеџ во Лондон, Универзитетот во Чикаго и Швајцарскиот сојузен институт за технологија (ЕТХ Цирих).

Според тоа, меѓу првите десет рангирани универзитети во светот, пет се американски, четвори британски и еден од Швајцарија.

Освен овие три земји, меѓу 50-те најдобри високи школски установи имаат и Канада, Сингапур, Франција, Австралија, Хонг Конг, Јапонија, Јужна Кореја и Кина.

На ранг листата, помеѓу останатите се најдоа и универзитети од Тајван, Чиле, Саудиска Арабија, Либан, Казахстан, Колумбија, Индонезија, Естонија, Белорусија, Оман, Литванија и Украина.

Листата на Quacquarelli Symonds (QS) во моментов е една од најважните истражувачки и компаративни книги во светот на квалитет и успех.

Институтот секоја година подготвува ранг листа на најдобрите универзитети во светот. Освен тоа, се земаат предвид и други критериуми, вклучувајќи го и угледот што го ужива универзитетот во научните кругови и кај работодавците, како и бројот на објавени научни трудови во одредено поле.

Извор:faktor




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


nine − = 2