1

(Фото) Обид за убиство на Палестинскиот премиер

Image may contain: sky, car and outdoorСедум лица биле ранети утринава во експлозија што одекнаа во конвојот на возила во кој бил и палестинскиот премиер Рами Хамдалах во текот на посетата на појасот Газа.

Според првичните извештаи на безбедносните извори и очевидци, Хамдалах не е повреден, објави Франс прес.

Тој требало да присуствува на претходно планиран настан, објавија израелските медиуми.

Палестинската власт веднаш го обвини Хамас за експлозијата, пренесоа израелските медиуми.

Хамдалах пристигна во Појасот Газа од Западниот брег со шефот на палестинската разузнавачка служба, Маџад Фараџа. Посетата наводно била планирана пред пет месеци, со цел отворање на пречистителна станица за вода, финансирана од палестинската власт на палестинскиот претседател Махмуд Абас.

Хамдалах, исто така, дошол да разговара со високи претставници на Хамас во врска со преговорите за помирување со поумерената секуларна Фатах на Абас.مشهد استهداف أبو نعيم يتكرر مع الحمدالله.. من المستفيد؟

Експлозијата одекнала откако конвојот го преминал граничниот премин Ерез од Израел и влезе во појасот околу 200 метри. Шефот на разузнавачката служба, исто така, не бил повреден во инцидентот.

Извор:shehabnews




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


2 + three =