centar

Фетаи побара притвор за обвинет во насилствата во општина Центар

Денешното рочиште за насилствата во општина Центар е одложено за 3 април поради немање услови за одржување на судењето, откако обвинетиот Милан Андоновски не се појави во судницата поради боледување.

Лекарски извештај за отсуството на обвинетиот Милан Андоновски во Судот го достави адвокатот Димитар Дангов.

Обвинителката од СЈО Фатиме Фетаи поради тоа побара да му се изрече притвор како механизам да обезбеди негово присуство. Судот го одби предлогот за мерка притвор како неоснован. Обвинителката Фетаи рече дека обвинетиот Андоновски досега отсуствува три пати од судските рочишта и поради тоа предложи да му се изрече мерка притвор како механизам за да обезбеди негово присуство.

На денешното рочиште на обвинетите на рака им беше даден примерок од обвинението, бидејќи Судот не добил повратна информација дали уредно го примиле обвинението кое претходно им било испратено по пошта. Единствено обвинетата Даниела Рангелова, како што беше речено на судењето, не го примила обвинението, поради промена на адреса на живеење.

На минатото рочиште, судијата Душан Јосифов го одложи судењето, по забелешката на Груевски и останатите обвинети дека во целост не го разбрале обвинението, бидејќи не го добиле во пишана форма.

Во предметот „Насилство во општина Центар“ обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Даниела Рангелова и уште девет лица.

На претходните рочишта за овој предмет, вина за настаните пред општина Центар во јуни 2013, признаа четвртообвинетиот Томислав Лазаров и петообвинетиот Јордан Ристевски и добија условни казни.

Обвинетите во предметот „Насилство во Центар“ се товарат за поттикнување на насилството што се случи при протестите пред општина Центар во јуни 2013 година.

 Извор:НоваТВ




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


× 1 = five