Niki hejli

САД се закануваат со напади на Сирија

Американската амбасадорка во Обединетите нации, Ники Хејли, вчера изјави дека САД се подготвени да преземат воена акција како одговор на бомбардирањето на цивилите од страна на сириската армија, доколку ОН не е во можност да го стори тоа.

“Кога меѓународната заедница не делува конзистентно, доаѓа време кога некои држави се принудени да преземат сопствена акција”, изјавила Ники Хејли во Советот за безбедност, посочувајќи дека ова е “едно од тие времиња”.

“Предупредуваме дека САД се подготвени да дејствуваат, доколку е потребно, против секоја држава што ја наметнува својата волја преку хемиските напади и нехумани страдања, особено против сирискиот режим. Ова не е начинот кој ние го сакаме, но тоа е патот што го имаме. Тоа го презедовме и подготвени сме тоа повторно да го повториме“ изјавила Хејли.

Хејли ја споредила сегашната ситуација во Сирија од минатата година кога САД започнаа ракетна напад врз сириската армија.

На крајот на февруари, Советот за безбедност издаде резолуција за прекин на огнот, но не успеа да ја спроведе истрагата.

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутеррес, изјавил дека бомбашките напади во Источна Гута се влошуваат, иако Советот за безбедност повика на прекин на огнот, велејќи дека сириските власти, со помош на Русија и Кина, значително ја зголемиле областа што ја контролираат во регионот.

Министерот за одбрана, Џејмс Матис, во неделата ја предупреди сириската влада дека “неприфатливо е употребата на хемиско оружје”, како што е соопштено во некои извештаи за наводни напади во Гута, област во близина на главниот град на Сирија во Дамаск.

Иако Матис не се заканил со воени акции, тој ги спомена претходните напади што следеа по нападот со гас и истакнал дека претседателот Трамп има “целосна политичка и маневарска способност да стори сé што мисли дека е неопходно”.

Францускиот претседател Емануел Макрон, исто така, ја предупреди Сирија дека ќе спроведе напади доколку добие “неоспорни докази” дека хемиското оружје се користи за убивање на цивили, објави Ројтерс.

Русија: “Доколку биде загрозен животот на нашите војници, ќе одговориме“

После овие изјави, Русија порача дека во случај на закана за животот на своите војници во Сирија, ќе превземе мерки како одговор, рекол началникот на Генералштабот на руската армија, генерал Валериј Герасимов.

“Во случај на закана за нашите војници, вооружените сили на Русија ќе преземат мерки и против проектили и против системите што ќе ги лансираат. Во моментов, ситуацијата околу сирискиот главен град е нормализирана “, рекол генералот Герасимов.

Тој предупреди дека терористите се подготвуваат за провокација со поставување на хемиско оружје, кое САД ќе го користат како поттик за удар во Дамаск.

ВИДЕО – Изјава на Ники Хејли

Извор:logicno.com




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


7 × two =