riberi

Баварците најавија: Баерн сака да ги задржи Рибери и Робен

Иако двајцата имаат по 34 години, Карл-Хајнц Румениге, извршниот директор на Баерн Минхен, потврди дека клубот наредниот месец ќе разговара со Франк Рибери и Арјен Робен за продолжување на нивните договори, пренесе агенцијата Анадолу (АА).

Рибери, кој ќе има 35 години на 7 април, пристигна во Баерн во 2007 година, а малку помладиот Робен во 2009 година. Оттогаш, со повеќе или помалку успех, се едни од носителите на играта на баварскиот див, кој суверено владее со германската Бундеслига. Интересно, и на двајцата на крајот на сезоната им истекува договорот, меѓутоа според зборовите на Румениге, тоа не значи дека ќе го напуштат Минхен.

- Разговаравме со двата играчи и се согласивме да преговараме за нов договор во април, а потоа ќе видиме. Така се договоривме со Франк и Арјен, и двајцата тоа го прифатија. Имаме задача да изградиме тим за следната сезона и тоа ќе го направиме со користење на нашите знаења и способности. Зборувајќи генерално за двајцата, сакаат да останат во Баерн, ќе се сретнеме и да разговараме за тоа - изјавил Румениге за германските медиуми.

Робен не отпатува со тимот во Истанбул, каде во среда Баерн ќе игра на осмиот финалето од финалето на Лигата на шампионите против Бешикташ. Но, како што нагласил Румениге, не станува збор за сериозна повреда, туку за претпазливост.

Баерн во првиот натпревар од Минхен славеше со убедливи 5:0, па затоа е многу близу до пласман во четвртфиналето на Лигата на шампионите.

Извор: Анадолија




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


+ 8 = eleven