dzamija keln

(Фото) Приврзаниците на терористичката ПЈД/ПКК нападнале џамија во Келн и ресторан во Берлин

Приврзаниците на терористичката организација ПЈД / ПКК во Германија изведоа напад врз џамија во Келн и еден турски ресторан во главниот град Берлин, пренесе агенцијата Анадолу (АА).

Џамијата “Kalk Eyup Sultan” во Келн, која работи при Турско-исламската унија за верски прашања (ДИТИБ), беше нападната во раните утрински часови, а напаѓачите ги искршиле прозорците на џамијата и на надворешните зидови испишале терористички пораки.

Претседателот на ДИТИБ, Невзат Јасар Асикоглу, ја посетил џамијата во Келн, а одговарајќи на прашањата на новинар укажал на проблемот со нападот на џамијата.

-Во изминатите неколку недели, нападите врз нашите џамии се интензивирани. Нашата желба е итно да се превземат мерки овие напади да престанат “, изјавил Асикголу.

Тој додал дека ги информирал германските официјални лица, дека во ова година нападнати се најмалку 25 џамии.

Асикоглу истакнал дека овие напади не се само закана за турското население во Германија, додавајќи:

“Ние сме загрижени за расистичките и дискриминирачки ставови, тие го загрозуваат нашиот живот и религиозната безбедност. Покрај тоа што претставува опасност за нас, овие напади се исто така закана за германското општество”.

Џамија која била цел на нападот ја посетил и турскиот конзул во Келн, Чејхун Ерчиес, кој исто така укажа на важноста за наоѓање и соодветно казнување на оние што стојат зад овој вандалски напад.

Од друга страна, во Берлин беше нападнат турски ресторан по име “Туркием”. Нападот се случи еден час по полноќ, а напаѓачите ги искршиле стаклата на ресторанот, за среќа повредени немало.

Сопственикот на ресторанот, Хасан Каја, изјавил дека нападот на ресторанот го извршеле три лица. Според него, напаѓачите фрлале камења во ресторанот, додека внатре имало гости.

“Очекуваме полицијата да го расветли овој случај”, рекол Каја.

Ресторанот го посетил и главниот турски конзул во Берлин, Мустафа Челик.

Извор:faktor/AA




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


seven − = 5