Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска изјави дека пратениците од неговата партија ќе учествуваат на утрешната седница на Собранието, на која треба да се донесе Законот за јазици. Но, тој од Струмица порача дека ВМРО-ДПМНЕ бара разгледување на нивните амандмани и отворање на амандманска расправа.

Мицкоски истакна и дека во минатото партијата повикувала за разум, почитување на законите, Деловникот на Собранието и Уставот на Македонија. На новинарско прашање како ВМРО-ДПМНЕ ќе дејствува на утрешната седница, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ одговори дека нивните пратеници ќе присуствуваат на седницата, а за натамошните чекори јавноста ќе била информирана.

Извор:НоваТВ

Откажи одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молам ставете го вашето име