Најмалку 38 лица загинаа при слетување на автобус во провалија во регионот Амхара во северна Етиопија, пренесува Агенцијата Анадолу (АА).

Локалните медиуми објавија дека автобусот слетал во провалија и дека десет патници биле повредени. Потврдено е дека меѓу жртвите, главно биле студенти.

Лошите патишта, технички неисправни возила и лошите возачки способности доведуваат до голем број сообраќајни несреќи во оваа земја.

Според официјалните извештаи објавени минатата година, во Етиопија, во периодот од 2014 до 2017 година, повеќе од 16.000 луѓе ги загубија своите животи во сообраќајни незгоди.

Извор: Анадолија

Etiopija: U saobraćajnoj nesreći poginulo 38 studenata

Откажи одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молам ставете го вашето име