Турските војници им поделија лекови на цивилите во селото Хасирки, Африн, кое беше ослободено од терористите на ЈПГ/ПКК во операцијата „Маслинова гранка”, јавува Anadolu Agency (AA).

Операцијата која на 20 јануари со цел да се воспостави безбедност во Африн и да се неутрализираат терористичките групи на ПКК/КЦК/ПЈД-ЈПГ и ДЕАШ, успешно се продолжи.

Во нејзини рамки, единиците на турската војска го ослободија селото Хасирки, во Африн.

Турските сили им направија медицински преглед на цивилите во селото, вклучувајќи ги и децата и старите лица, а потоа им ги подели потребните лекови.

Цивилите беа благодарни за укажаната помош.

 

Откажи одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молам ставете го вашето име