Подгорци, 14.03.2018 (Dubai Portal) И, официјално денес се започна со бетонирање на локалниот пат во населба Подгорци, односно дел кој ги поврзува местата познати како Равење и Мифтарој.

Станува збор за пат со должина некаде од 600 метра, пред започувањето на оваа фаза (бетонирање), претходно  беше извршена соодветна обработка на подлогата, односно тампонирање, поставување на армирана мрежа, проширување и изработка на одводи за атмосферските води. Овој проект е дел од план програмата на Општина Струга, а кој се однесува на реконструкција и изградба на патишта во населени места, каде што се појавува потребата од оваа активниост.

Финасиер на овој проект, како што напоменав е Општина Струга, а изведувач фирмата ЕРР-КОП Лабуништа.

Се разбира во текот на оваа година ќе започнеме со реализација и на сите други делови од патната инфраструктура на ова населба, однасно онаму каде што ќе се пројави потреба од реконструкција, доизградба или пак целосна изградба на нов пат, и обезбеди нормална комуникација на жителите од околните делови на ова населба – ни изјави г-дин Адем Ајдароски, претседател на Месна Самоуправа Подгорци.

Потсетуваме дека активностите околу реализацијата на овој проект започна на:10.03.2018 година.

IMG_3579 (Copy) IMG_3578 (Copy) IMG_3575 (Copy) IMG_3573 (Copy) IMG_3564 (Copy) IMG_3562 (Copy) IMG_3560 (Copy) IMG_3558 (Copy) IMG_3556 (Copy) IMG_3554 (Copy) IMG_3550 (Copy) IMG_3549 (Copy) IMG_3548 (Copy) IMG_3543 (Copy) IMG_3540 (Copy) IMG_3538 (Copy) IMG_3536 (Copy) IMG_3534 (Copy) IMG_3532 (Copy) IMG_3531 (Copy) IMG_3589 (Copy) IMG_3587 (Copy) IMG_3585 (Copy) IMG_3584 (Copy)

 

Откажи одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молам ставете го вашето име