sreder

Шредер: Заради Трамп, Европа мора да се приближи кон Русија и Турција

Поранешниот германски канцелар Герхард Шредер денес во Виена се заложил за заедничка економска, социјална и надворешна политика, како и повторно приближување на ЕУ кон Русија и Турција.

Тој на предавање, истакнал дека Европа мора да одговори на политиката на претседателот на САД Доналд Трамп “Америка на прво место“ со тоа што ќе се реформира под германско-француско водство, како и низ приближување кон Русија и Турција.

Шредер нагласил дека таа политика која јасно е наслонета на популизмот и изолацијата, и која има за цел и раздор во ЕУ, не смее да следи.

 Уверен дека американската политика ќе донесе промени по Европа, истакнал дека Европа мора да најде одговори на таквото однесување на САД.

Еден одговор е, после фазата на заладување во минатите години, повторно оживување на оската Берлин-Париз, како пресвртница кон европските интеграции.

Што се однесува до Русија, тој истакнал дека без сомневање Русија и Турција се тешки земји, со внатрешно политички развој и надворешнополитички одлуки кои никого не го израдувале.

Меѓутоа, без соработка со Москва и Анкара нема стабилност во источна Европа, на Кавказот, Блискиот исток и северна Африка, заклучил тој.

Извор:cdm




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


2 × five =

%d bloggers like this: