SAD SUDAR

Снежно невреме во САД: Во верижен судир учествувале повеќе од 80 возила

Повеќе од 80 возила учествувале во верижен судир на автопат во централниот дел на американската сојузна држава Охајо, која во вторникот вечерта беше зафатен од снежно невреме.

Во сударот повредени се неколку лица, ама нема животно загрозени, соопштила државната служба за автопатишта, пренесува Анадолу Агенцијата.

Во текот на сударот во кој учествувале и 11 комерцијални возила, дошло до повеќечасовна блокада на сообраќајот на автопатот Мороу Коунти, околу 64 километри североисточно од главниот град на Колумбус.

Силното невреме, пропратено со снежни врнежи, го погоди свероистокот на САД предизвикувајќи прекин на електрична енергија и прекинување на сообраќајот ширум целото подрачје.




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


− 8 = one

%d bloggers like this: