erdogan

Ердоган ги отфрли повиците на Европа за прекин на операцијата во Африн

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денес ги отфрли повиците од Европа за запирање на воена офанзива во сириската енклава под курдска власт. Ердоган зборувал додека Европскиот парламент се подготвува да расправа за предлог резолуција за Сирија. Турските медиуми објавија дека резолуцијата бара да се стави крај на турската офанзива во енклавата Африн и повлекување на турските војници.

Обраќајќи му се на Европскиот парламент, Ердоган изјавил: “Не возбудувајте се. Ние нема да ја напуштиме(Сирија) додека не ја извршиме својата задача. Треба тоа да знаете, да тоа требаше да го знаете”.

- Што и да каже (Европскиот парламент), тоа на едно уво влегува, а на другото излегува – додал тој.

Турција започна воена офанзива на граничната енклава на 20 јануари за да ги уништи силите на сириските Курди, кои ги смета за “терористи” и продолжена рака на курдските бунтовници кои се борат во Турција. Најголемиот град на енклавата, исто така наречен Африн, е опкружен со турски сили и сојузници, објави Асошиетед прес.

Извор:(Vijesti / ФЕНА)




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


3 + = eleven

%d bloggers like this: