БРИСЕЛ (АА) – Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека Русија се обидува да го дестабилизира Западот со нуклеарно оружје, сајбер-напади и тајни акции, јави агенцијата Анадолу (АА).

Во своето обраќање до новинарите во Брисел, Столтенберг предупреди дека Москва се обидува да предизвика несигурност на Запад со тајни акции, како што е труењето на рускиот двоен агент во Велика Британија.

Тој нагласи дека труењето на Сергеј Скрипал и неговата ќерка со нервен отров, како што рече, е “опасен модел на однесување на Русија”.

Столтенберг ја обвини Русија за мешање на нуклеарно и конвенционално оружје во воената доктрина и воени вежби, додавајќи дека го намали прагот за започнување на нуклеарни напади.

Тој истакна дека Москва претставува сериозна закана, потсетувајќи на руската анексија на Кримскиот полуостров во 2014 година, поддршката на сепаратистите во Украина, военото присуство на Русија во Молдавија и Грузија, мешањето на изборите во западните земји и учеството во војната во Сирија.

Тој додаде дека заканата е и развој на ново нуклеарно оружје, кое рускиот претседател Владимир Путин отворено говореше на почетокот на март.

Откажи одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молам ставете го вашето име