1

(Видео) Се урна нов мост на Флорида, има настрадани

Нов пешачки мост се урна во близина на Меѓународниот универзитет во Флорида, а според тврдењето на полицијата, “неколку луѓе настрадале”.

Како јавуваат медиумите, една жена била повредена и пренесена во болница.

Сеуште не е јасно колку луѓе останале затрпани под урнатините на мостот во Мајами, пишува The Miami Herald. Операцијата за спасување е во тек.

Сликите на урнатиот мост ги преплавија  социјални мрежи, а под урнатините има пет автомобили.

Бетонскиот мост, со тежина од 950 тони, беше изграден над автопатот и беше отворен во саботата.




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


three × 4 =

%d bloggers like this: