GUTA

Бомбардиран пазар во Источна Гута. Загинале најмалку 40 лица

Претставниците на цивилната одбрана (Бели беретки) во Источна Гута известија дека силите на режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад и нивниот сојузник Русија ја бомбардирале Источна Гута и покрај одлуката на Советот за безбедност на ОН во врска примирјето.

Тие истакнаа дека авиони на реѓимот на Асад и сојузниците бомбардирале пазар во Кефер Батна во источниот дел на Гута. Со оглед на тоа дека за време на нападот на пазарот имало голема гужва, загинале, најмалку 40 лица.

Тие, исто така, порчаа дека бомбардирањето сеуште трае, заради што не можат да стигнат до телата и повредените лица.

Источна Гута е под контрола на силите на сириската опозиција, а регионот е под целосна опсада на силите на режимот речиси шест години.

Во последниве месеци силите лојални на режимот ги интензивирале нападите врз населбите, а прекинувањето на нападите не го донело ниту тоа што на мировниот процес во Астана беше прогласна за зона на дескалација.

Речиси 400.000 цивили во источната Гута се постојана цел на нападите на режимот на Асад, кој нњдозволува испорака на хуманитарна помош за регионот.

Извор: Анадолија




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


five − 4 =

%d bloggers like this: