berlin dzamija

(Фото) БЕРЛИН: Муслимани клањаа џума-намаз на улица пред запалена џамија

Иако било многу студено, сепак голем број муслимани се собраале покрај џамијата, со која инаку управува  Турската исламска заедница во Германија (ДИТИБ), каде преку молитва да изразат солидарност и единство. Неколку стотици муслимани денес клањаа џума-намаз на улицата пред џамијата “Koca Sinan” во германскиот град Реиникендорф во Берлин, која беше запалена во неделата рано утрината и која притоа претрпе голема материјална штета, јави агенцијата Анадолу (АА).

На молитвата присуствувал и амбасадорот на Турција во Берлин, Али Кемал Ајдин, генералниот конзул на Турција во Берлин, Мустафа Челик, и градоначалникот на Истанбул, Мустафа Јенароглу.

Бајрам Турк, имам на џамијата во Берлин, во худбата истакнал дека ниту еден човек нема право да ги навредува и угнетува другите и да се смета себеси супериорен во однос на расата, верата, бојата на кожата, полот, народот на кој им припаѓа и географскиот простор од кој доаѓа, потсетувајќи дека исламот строго ги отфрла секој вид на расизам.

Тој истакнал дека бројот на напади врз џамиите во Германија значително се зголемил во последниве неколку дена, како што рекол, предизвикува вознемиреност и загриженост кај муслиманите.

“Во оваа прилика ги покануваме сите луѓе на разумно однесување и на внимателност во случај на било какви провокации”, изјавил имамот.

По молитвата, Јенароглу на новинарите им изјавил дека е важно голем број верници да се соберат таму, со цел да привлечат внимание кон зголемениот број напади врз муслиманите и нивните господови куќи.

“Ова е многу силна порака од мнозинската заедница во оваа земја. По нападот врз џамиите, муслиманите изразија единство и слога”, рекол турскиот парламентарец.

Невзат Асикоглу, претседател на канцеларијата за верски прашања на турската исламска заедница (ДИТИБ), кој ги осуди нападите врз џамиите во Германија кои се случуваат во последниве денови.

Потсетуваме, џамијата во Берлин беше запалена во неделата наутро. Немаше повредени, но зградата претрпе голема штета.

Приврзаниците на ПЈД / ПКК ја презедоа одговорноста за нападот на џамијата, како и за некои други претходни напади врз муслиманските верски објекти што се случија во изминатите недели.

 

(Vijesti / AA)




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


− two = 1

%d bloggers like this: