ruska podmornica

Вежба / Руски подморници незабележително пристигнале до брегот на САД

Нуклеарни подморници на Руската федерација Shchuka-B успешно спроведиле вежби во близина на американските воени бази, избегнувајќи откривање додека се приближуваат кон брегот на САД, открил офицер на подморницата во емисија на руската телевизија.

Според зборовите на Сергеј Старшинов, командантот на подморница, началниците на морнарицата барале да се заземе позиција во непосредна близина на американските бази, објави “Русија денес”.

“Мисијата е успешно спроведена, подморниците стигнаа до зададените позиции во океанот и се вратија”, изјавил Старшинов за ТВ Ѕвезда.

Датумот и локацијата на мисијата не се откриени, но во изложбата посветена на подморниците од класата на Shchuka-B било наведено дека подморниците “пристигнаа на брегот на САД”.

Подморниците на Shchuka-B влегоа во служба на Советската морнарица во 1986 година. Тие се способни да лансираат крстосувачки ракети Калибр и Гранат,торпеда со калибар од 553 милиметри и да останат под вода 100 дена без изронување на површината.

Извор:RSA




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


three − 1 =

%d bloggers like this: