Kurdistan i SAD

САД од Курдистан сакаат да направат ново Косово

Пентагон објави документ кој ги потврдува намерите на американската администрација во Сирија. Освен тоа, буџетот за противтерористичките активности на американското министерство за одбрана известува дека курдските милитанти се користат како изнајмени сили на САД.

10 000 припадници Курдистанската работничка партија (ПКК), призната во многу земји како терористичка организација, вклучувајќи ја и Европската унија, како месечна плата од американскиот буџет добиваат 200 до 400 долари. Оваа информација била откриена кога бил објавен буџетскиот план за антитерористички активности во Сирија и Ирак за 2019 година, објавен на официјалните страници на заменик министерот за одбрана, Џејмс Матис.

Во документот се тврди дека покрај декларираната цел на присуство во Сирија за борба против “исламската држава”, дури и после воениот пораз на терористите, во декември минатата година САД не брзаат со повлекување на нивните трупи од Сирија, кои се распоредени на територијата на суверена држава. Пентагон веќе планираше воен настап во наводна борба против тероризмот и за 2019 година.

Документот не ја спомнува експлицитно ПКК, ама наведува дека клучно за американската војска е да спроведат консолидација во Сирија и да ја поддржат таканаречената “умерена сириска оппозиција”, која според Пентагон ги вклучува и Курдските оружени групи. Во документот се споменува Партијата на демократската унија (ПЈД), чии сили “активно се бореле во Сирија против ИСИЛ” и наводно го “ослободиле и заштитиле регионот од терористите на исламската држава”. Под овој изговор Курдите се платени од страна на американската команда во Сирија.

Бројот на “редовните” курдски борци до 2019 година планира да се зголеми на 65 илјади луѓе. Повеќе од половината од нив ќе гарантираат сигурност на “моменталните зони кои ги контролираат во Северна Сирија”, а другите заедно со Американците ќе учествуваат во операциите “против ИСИЛ”.

Претставниците на Турција веќе реагираа на објавувањето на буџетот за расходите за Сирија. Конкретно, претседателот на турската партија “Ватан” Догу Перинчек-Doğu Perinçek истакнал дека САД со овој документ признаваат дека владеат со помош на Курдистанската работничка партија и нивните сили распоредени во Сирија.

Перинчек ристакнал дека целта на т.н. проект “Курдистан” е да се поделат Иран, Ирак, Сирија и Турција, и дека тоа е приоритет на САД.

“Овој проект е сличен на” независноста “на Косово и има за цел создавање на американска база во Блискиот Исток од која ќе дејствува против земјите од регионот,” истакнал Догу Перинчек.

Сепак, претседателот на турската партија “Ватан” е сигурен дека турската операција во Сирија и регионалната соработка го осудија американскиот проект на неуспех. Перинчек смета дека финансирањето на мали терористички групи нема да ги спаси САД и дека Американците на крај ќе мора да признаат дека светот влегол во времето на Евроазија, како и дека нивната хегемонија завршила.

“Повикуваме на моментално повлекување на сите американски сили од Блискиот Исток и признавање на процесот во Астана од страна на САД”, заклучил Догу Перинчек.

Извор:logicno.com




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


7 + nine =

%d bloggers like this: