Асад победи, договорот со Иран треба да остане, а Саудијците употребуваат американски оружја без никаква одговорност во Јемен, изјавил американскиот главен командант на Централната команда на американската војска во изненадувачко сведочење пред конгресот, пренесува израелски Хаарец-Haaretz..

Главниот американски генерал за Блискиот Исток во вторникот сведочел пред Конгресот и изнел неколку неверојатни изјави, пишува израелски лист. Тој дал подршка на нуклеарната спогодба со Иран, признал дека САД не знаат што прави Саудиска Арабија со нивните бомби во Јемен и јасно истакнал дека Асад победил во војната во Сирија.

Генералот Џозеф Вотел изјавил дека договор со Иран, за кој претседателот Доналд Трамп се заканува дека ќе се повлече од него, одигра важна улога во решавањето на Иранската нуклеарна програма.

“Заедничкиот акциски план за Иранскиот нуклеарен договор се занимава со една од главните закани која доаѓа од Иран. Ако договорот се раскине, мораме да најдеме друг начин да се занимаваме со нивниот програм за нуклеарно оружје, изјавил генералот Џозеф Вотел.

Потсетуваме, JCPOA или Заеднички опширен план на дејствување е формално име на договорот постигнат со Иран во јули 2015 година во Виена.

Трамп се закануваше со повлекување на Соединетите Држави од договорите меѓу Техеран и шесте светски сили, освен ако Конгресот и европските сојузници не помогна да се “ревидира” договорот. На Трамп исто така, меѓу другото, не му се допаѓа ограничено траење на овој работа.

Генералот Вотел во американската војска не е било кој и командант е на Централната команда на американската војска (CENTCOM), што значи дека е одговорен за Блискиот Исток и Централна Азија, вклучувајќи го и Иран. Тој разговорал со Одборот за воуружените сили на американскиот Сенат на истиот ден кога Трумп го отпушти државниот секретар Рекс Тилерсон, после неколкуте низа на јавни расправии околу надворешната политика, вклучувајќи го и Иран.

Тилерсон му се приклучил на министерот за одбрана, Џејмс Матис, во притисокот на скептичниот Трамп да се држи на договорот со Иран, пишува Хаарец.

“Мислам дека ќе дојде до загриженост во регионот за тоа како планираме да се занимаваме со ова конкретна закана, доколку не ја решиме преку Заеднички опсежен план на дејствување (JCPOA). Сега, мислам дека е во наш интерес да останеме во договорот “, рекол Вотел.

Кога сенаторите го прашале генералот дали разговарал со министерот Џејмс Матис и началникот на главниот штаб генералот Џозеф Данфорд, генералот Вотел изјавил: “Да, ги делам нивните ставови”.

Матис на крајот од минатата година изјави дека САД треба да размислат за останување во нуклеарниот договор, ако  се докаже дека Техеран не постапува според договорот или дека договорот не е во националниот интерес на САД.

Раскинувањето на иранскиот нуклеарен договор би била “голема загуба”, соопшти во неделата шефот на Нуклеарниот надзорски комитет на Обединетите нации, давајќи потполна поддршка на договорот.

Од кога Трамп стапи на должност, Иран останува во ограничувањата на договорот, но во последниве неколку недели беше иритиран од дипломатски предупредувања на Вашингтон. Во понеделникот, Во понеделникот Техеран соопшти дека брзо може да го збогати ураниумот на повисоко ниво на чистота, доколку дојде раскинување на договорот.

Сирија

Sirija - Hama - oslobođenje

Генералот Вотел на расправа исто така зборувал за ситуацијата во Сирија. Според неговите тврдења, повеќе од 1100 цивили починале за време на нападот на сириската војска во Источна Гута. Силите на сирискиот претседател Башар Ал-Асад, со помош на Русија и Иран, велат дека за цел ги имаат “терористички” групи кои го гранатираат главниот град.

Американската амбасадорка во Обединетите нации, Ники Хејли, во понеделникот предупреди дека Вашингтон “е подготвен да дејствува, доколку мора”, доколку и Советот за безбедност на ОН не успее да влијае на Дамаск.

Генералот Вотел истакнал дека најдобар начин за одвраќање на Русија, која ја го поддржува Асада, е преку политички и дипломатски канали.

“Сигурно, ако постојат и други работи кои се разгледуваат, ќе го направиме што ни се кажува. Ама не препорачувам тоа во оваа точка “, рекол Вотел, очигледно сугерирајќи на воен опција.

Републиканскиот сенатор Линдзи Греам праша дали е претерано да се каже дека со помош на Русија и Иран Асад “победи” во војната во Сирија.

“Мислам дека тоа не е претерано тврдење”, изјавил генералот Вотел.

Сенаторот Греам, исто така, прашал дали политиката на Соединетите Американски Држави во Сирија и понатаму е отстранување на Асад од власта?

“Не знам дека тоа е наша посебна политика во Сирија, туку дека сме фокусирани на поразот на исламската држава”, рекол Вотел.

Саудиска Арабија

Saudijska Arabija

Во многу интересна расправа со демократската сенаторка Елизабет Ворен, генералот Вотел признал дека CENTCOM не знае како американските горива и оружја се користат во Јемен.

“Генерале Вотел,  ја следи ли ЦЕНТКОМ целта на мисијата што ја полни со гориво? Со други зборови, таму каде што летаат авионите снабдени со американско гориво, кои се целите и кои се резултатите од мисиите?”, прашала Елизабет Воррен.

“Не, сенаторке,”, одговорил генералот Вотел.

Елизабет Ворен објавила соопштенија дека американското оружје во Јемен се употребува и против цивилите и прашала: “Генерале Вотел, кога добивте вакви извештаи од веродостојни медиумски организации или надворешни посматрачи, CENTCOM е во состојба  да утврди дали американското гориво или американско оружје користени во такви напади ? ”

“Не, сенаторке, не верувам дека сме”, одговорил тој.

Гледајќи ја изненадувачки реакцијата на генералот, Елизабет Ворен заклучила: “Треба да бидеме јасни во врска со тоа. Саудиска Арабија е онаа која го прима американско оружје и американска поддршка, што значи дека ние овде сносиме одговорност. Тоа значи дека мораме да утврдиме наши партнери и нашите сојузници како одговорни за користење на овие ресурси “, рекла таа.

Извор:logicno.com

Откажи одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молам ставете го вашето име