Во најголемата државна болница во Куала Лумпур, во форензичкото оддeление, денеска избувнал пожар заради кој биле евакуирани голем број на пациенти, доктори и посетители.
Форензичкиот институт на болницата обрнал внимание на светската јавност минатата година, бидејќи тука беше извршена обдукцијата на Ким Џонг Нам, убиен полубрат на севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун, пренесе аганцијата Ројтерс.
Представници соопштија дека пожарникарите го локализирале пожарот и дека нема повредени.
Причината за пожарот и причинетата материјална штета се уште не се утврдени.
Извор:cdm/фото-илустрација