asadposeta

(Фото) Асад ја посетил војската во Источна Гута

Сирискиот претседател Башар ал-Асад денеска ги посетил војниците на позициите во источна Гута недалеку од Дамаск. Сириската телевизиска станица Ал-Икбарија објавила видеоснимка на Асад како стои покрај тенк опкружен со војници на улица во источната Гута.

Сликите се поставени на официјалните страници на социјалните мрежи на претседателот Асад.

Претходно, сириските државни медиуми објавија дека војниците влегле во градот Сакбу во јужниот дел на источниоа Гута.

Сириската опсерваторија за човекови права објави дека сириските режимски сили зазеле над 80 отсто од територијата на источна Гута, која беше база на бунтовниците од 2012 година.

Извор:(Vijesti / SRNA)




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


3 − = one

%d bloggers like this: