Turci-afrin

(Фото) Турските сили влегоа во Сирискиот град Африн “ Центарот на градот е под наша контрола“

Турските сили денес влегоа длабоко во сирискиот град Африн, како дел од двомесечната офанзива во северозападниот дел на Сирија, објавија набљудувачите, а турскиот претседател Тајип Ердоган потврди дека центарот на градот е “целосно под наша контрола”.

Турските сили и нејзините сојузници во текот на ноќта започнаа да влегуваат во Африн, главниот град на истоимената енклава, и од тогаш освоија неколку квартови, објави Сириската опсерваторија за човекови права.

Силите известија дека не се соочуваат со отпор.

Анкара смета дека курдските единици на Африн се терористичка организација поврзана со курдските бунтовници во Турција.

Повеќе од 1.500 курдски борци загинале во турската офанзива против енклавата од јануари, објави Опсерваторијата.

Извор: Фактор




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


one + 3 =

%d bloggers like this: