kurdskamilicija

Турците го зазедоа Африн – На Курдите за се им се виновни Русите

На 15 март, турските сили и нивните сојузници во северна Сирија успеаја да го пресечат подрачјето на Африн на два дела и да ги доведат до очајна ситуација припадниците курдската милиција на ЈПГ. Турските сили зазедоа 12 села на оската Рајо-Хадид-Џиндерес, што значи дека успеале да ги поврзат Џиндерес со Шаран и да создадат џеб на северот каде што единиците на ЈПГ биле отсечени од Африн и единиците на југ.

Не е познато дали турските сили ќе се обидат да го исчистат овој џеб, ама заради оваа акција, забележлив е се поголем недостаток на курдски борци во Африн, особено поради тоа што не покажуваат подготвеност да ја предадат контролата над малите области и да го бранат главниот град на регионот.

И покрај напорите на ЈПГ да ги спречат, илјадници цивили бегаат на територијата на сириската влада во градовите Нобл и Захра.

Силите на ЈПГ повторно ја обвинија Русија за ситуацијата со која се соочуваат во северозападниот сириски регион Африн.

Турските сили продолжуваат со офанзивата од три различни насоки за да ја делат контролната област на таканаречените џебови.

Еден од командантите на силите на ЈПГ дал изјава за АФП во која нема ниту малку самокритика и целосно одвоен од реалноста, ја обвинува  Русија за ситуацијата со која се соочуваат нејзините сили.

Започнал со неговата изјава велејќи: “Сега е време сите Курди да се подготват и да разбијат се ‘што имаат руските амбасади и дипломатски претставништва”.

Тој додаде дека “без согласност на Русија, Турција никогаш не би можела да ги “бомбардира и тероризира” цивилите во Африн, а Москва би можела да ја спречи операцијата, бидејќи го контролира сириското небо”.

Фактот што Курдите го избраа САД и НАТО за сојузниците и она што Турција го гледа како закана за создавање на “Северен Курдистан” во Сирија е факт што курдските команданти не ги земаат во предвид. Тоа е вечно игнорирана тема во која било изјава на ЈПГ на представниците.

Сепак, изјавата потврдува дека целата оваа катастрофална ситуација можела да се избегне доколку силите на ЈПГ едноставно управата над регионот ја предадат на централната власт.

Turska

ФОТО: Илустрација, турска армија

“Неколку дена пред офанзивата во Африн, Русија побара од силите на ЈПГ  целосно предавање Африна на режимот на Асад, а кога ЈПГ одби, Русите возвратиле со повик до Турција на целосно заземање на овој град. Ние исто така веруваме дека борците на ЈПГ се уште се во Африн “, се вели во соопштението.

Постои мал проблем за кредибилитетот на овие тврдења, но за Курдите ова не е ништо чудно. Имено, Русија никого не му се одмаздувала “повикувајќи ја Турција да го заземе градот”. Зошто Русија би подржала нова битка за која мора да  размислува во Сирија, кога ионака веќе ги концентрира своите напори за борба против истите сили што го напаѓаат Африн во јужниот дел на провинцијата Идлиб.

Значи, со сириската армија, од една страна, Русија се бори против истите терористи во Идлиб, ама во соседен Африн ги “повикува” со Турција да ги уништат милицијата на ЈПГ.

Командантите на ЈПГ сè уште не сакаат да признаат дека тие биле издадени од Вашингтон и понатаму најчесто ја обвинуваат Русија за ситуацијата во која се наоѓаат.

tursaka1-1024x1001

ФОТО - Подрачје на Африн ªé 17. 03. 2018.

Наместо тоа, Русија понуди одржливо решение кое ќе им овозможи на цивилите да живеат во мир, меѓутоа довербата и самоувереноста на силите на ЈПГ доведоа до фактот да турските сили конечно да го заземат Африн.

Значи, од една страна, имаме ЈПГ која негира каква било можност дека сириската влада ќе ја преземе контролата врз регионот на Африн, но потоа курдските цивили и бегаат на сириската влада во областите каде што ќе бидат безбедни, ама во бегалски кампови.

Телевизијата Курдистан24 исто така потврди дека во пресрет на турскиот напад, Москва и Дамаск им предложиле на командантите на ЈПГ да му го предадат управувањето над регионот на централните власти и дека Русија и сириската армија ќе гарантираат безбедност.

Главен сириски курдски официјален претставник изјавил дека на денот на објавувањето на турската кампања, соопштил дека руски представници ги замолиле под сириската управа да го дадат северозападниот регион Африн и на тој начин тоа да ги сопрат турските напади врз регионот.

Алдар Калил, член на Движењето за демократско општество, некаква “кровна организација” составена од шест политички партии и институции на граѓанското општество, вклучувајќи ја и Партијата за демократски сојуз (ПИД), политичко крило на силите на ЈПГ, за новинарите изјавил дека тие ќе го бранат Африн и регионот никогаш нема да му го дадат на Сирискиот режим. А, сега ќе им го предадат на Турците.

“Русите ни рекоа дека ќе бидеме безбедни од турските напади доколку го предадеме Африн на сирискиот режим, меѓутоа ние тоа целосно го отфрламе и ќе се браниме”, изјавил Алдар Калил.

Бахјат Абдо, висок командант во сириската Курдска милиција на ЈПГ и шеф на Министерството за одбрана на Африн, во ексклузивно интервју за Курдистан24 изјавил дека “никогаш нема да дозволи сирискиот режим да се врати во Африн”.

“Од Африн, сирискиот режим го протеравме пред пет години и нема да му дозволиме да се врати“ изјавил Бахјат Абдо на 21-ви јануари.

На тој ден, турските воени авиони започнаа воздушни напади на периферијата на Африн и некои населени места во градот.

Најголем апсурд е тој што во регионот на Африн немало американски војници  и неверојатно е дека силите на ЈПГ навистина верувале дека би можеле да ја сопрат турската офанзива.

Руските единици имаа неколку центри за воена обука за локалните сили, но тие се повлекоа од почетокот на турската кампања.

Извор:Logicno.com




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


four × 3 =

%d bloggers like this: