putin-erdogan

Ердоган-Путин: Решителни дополнително да ја продлабочат соработката помеѓу Турција и Русија

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган и рускиот претседател Владимир Путин разговарале по телефон, јави агенцијата Анадолу (АА).

Според канцеларијата на турскиот претседател, Ердоган му честитал на Путин за неговиот реизбор за претседател на државата.

Покрај тоа, двајцата лидери разговарале и за билатералните односи, како и за трилатералниот самит за Сирија што ќе се одржи во Истанбул во април оваа година.

Ердоган и Путин, исто така, ја истакнаа својата решеност за понатамошно зајакнување на соработката меѓу двете земји.

Извор: Анадолија




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


3 − = one

%d bloggers like this: