uber

И технологијата ли греши? Убер-ов такси со автоматско управување усмрти пешак

Една од возилата на автоматско управување кое му припаѓа на компанијата Убер, удри и усмрти пешак во градот Темпи во сојузната држава Аризона.

Според наводите на полицијата, возилото било подесено на автоматско управување, а возачот бил зад воланот кога возилото удрило на жена која се движела надвор од пешачкиот премин.

Жената починала од здобиените повреди во болница, а нејзиното име не било објавено, објави Танјуг.

Во изминатите месеци, Убер тестираше возила на автоматско управување во Темпи и Феникс.

Убер на Твитер изјави дека целосно соработува со истрагата и испрати сочувство до семејството на жртвата.

Извор:RSA




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


four − 3 =

%d bloggers like this: