TIKA-OREEVI

ТИКА продолжува со реализирање на проектот за одгледување ореви во Македонија

СКОПЈЕ (АА) – Турската агенција за соработка и координација (ТИКА), денеска продолжи со реализирањето на проектот за поддршка на одгледувачите на ореви во селото Црник, кое спаѓа под општина Пехчево, Источна Македонија, пренесува Anadoly Agency (AA).

Во писменото соопштение на ТИКА се наведува дека благодарение на соодветната животна средина и климатските услови што ги поседува Пехчево, со цел да се воведе стабилен и економски просперитет на подрачјето, го спроведува проектот за доделување садници на ореви и модерна технолошка поддршка, која ќе овозможи богато и квалитетно производство на ореви.

Со проектот треба да се подигне свеста кај земјоделците за нови производни области, да се намали невработеноста и да се подигне животниот стандард за семејствата што живеат во регионот. Во тие рамки, на 20 семејства од Источна Македонија им се поделени 1.000 садници од орев од сортата Чендлер, по потекло од Турција.

Во соопштението се наведува дека покрај садниците на орев, на земјоделците ќе им биде дадена и стручна поддршка.

Во рамките на проектот за развој на одгледувањето ореви, координаторот на ТИКА, Ајтекин Ајден, во Пехчево се состана со градоначалникот Драган Тренчевски, а по средбата, на земјоделците им беа поделени садниците ореви.

Вчера во рамките на проектот за развој на одгледување ореви, ТИКА подели по 20 садници на 60 семејства во Маврово, Дебар, Ростуше и во Центар Жупа.

Извор:АА




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


5 × five =

%d bloggers like this: