Текст со грчките предлози и агенда за идна соработка е испратен до Скопје, изјави шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас во Брисел за државната ЕРТ, по советот за надворешни работи на ЕУ, пренесува МИА.

Одговарајќи на прашањето дали при посетата на Скопје ќе ја однесе и грчката нацрт спогодба, вели дека предлозите од Атина се веќе испратени.

– Да ви дадам нешто ексклузивно. Изработивме текст со нашите предлози во целост како во однос на отворените проблеми што ги имаме со ПЈРМ, така и за идна агента на соработка што ќе им донесе корист и на двете страни. Овој текст го имам пратено пред повеќе денови во Скопје, рече шефот на грчката дипломатија во изјава за државната телевизија ЕРТ.

Никос Коѕијас, според најавите, но без официјална потврда, се очекува во четврток и петок да биде во Скопје.

Извор:НоваТВ

Откажи одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молам ставете го вашето име