Внимателноста на Турските вооружени сили (ТСК) кон цивилите за време на операцијата „Маслинова гранка“, се забележува во изгледот на инфраструктурата по ослободувањето на центарот на Aфрин од терористите. Штетата е видлива само на точките од кои терористите вршеле напади врз припадниците на безбедносните сили. Од друга страна, врз болниците, верските и други објекти не е забележана ни најмала трага од воени активности, јавува Аnadolu Agency (AA).

Операцијата „Маслинова гранка“ која Турските вооружени сили (ТСК) и Слободната сириска војска (ССВ) ја започнаа на 20 јануари со цел да се воспостави безбедност по должината на сириско-турската граница и во регионот, како и неутрализирање на терористите во Aфрин, успешно продолжува.

Операцијата во Африн е во согласност со турското право, засновано на меѓународното право и на резолуциите на Обединетите нации (ОН), особено на оние што се однесуваат на борбата против тероризмот: 1624 (2005), 2170 (2014) и 2178 (2014).

Турција се повикува и на членот 51 од Договорот на ОН односно на правото на самоодбрана. Операцијата се спроведува со целосно почитување на територијалниот интегритет на Сирија.

За време на планирањето и извршувањето на операцијата, мета на Вооружените сили на Турција беа само терористите и нивните засолништа, оружјето, возилата и другата опрема што ја користеа.

Напад не беше извршен ниту врз болничкиот објект во кој се наоѓаа фотографии на лидерите на терористичките организации и кој го користеа терористите. Турските војници покажаа максимална претпазливост поради можноста во боницата да има цивили. На снимките од болницата што ги направи новинарот на АА може да се видат документи, постери и средства за прва помош што ги користеле терористите.

Неименуван командант на баталјонот кој учествуваше во акцијата за ослободување на центарот на Африн изјави дека Вооружените сили на Турција сили не оштететија ниту еден објект каде што живеат цивили.

„Зградите во центарот на градот се показател за тоа. Беа напаѓани објекти што терористите ги користеа како упоришта, додека другите немаат никаква штета“, рече тој.

Тој истакна дека спротивно од тврдењата на терористичката организација, припадниците на Турските вооружени сили не оштетиле ниту една џамија или историска зграда.

– Подрачјето на Африн ослободено од терористите –

Подрачјето на Африн во северозападна Сирија го сочинува истоимениот град и уште шест други помали градови. Сите центри на градови се ослободени од терористите.

Силите лојални на режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад, во јули 2012 година, без борба, на терористите од ПЈД/ПКК им ја препуштија контролата врз Африн, по што овој град стана еден од главните центри на терористичката организација.

ПЈД/ПКК е сириски огранок на терористичката организација ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации во Турција, САД и во Европската Унија (ЕУ). ПКК, уште од средината на 1980-тите години, води терористичка кампања против Турција.

– Терористите на ЈПГ/ПКК протераа стотици илјади луѓе –

Ширејќи ја својата окупација од Африн на запад и од Тел Абјад и Хасека на исток, терористичката организација ПЈД/ПКК протера стотици илјади Арапи, Курди, Асирци и Tуркмени, со цел да воспостави постојана окупација врз пограничниот појас на Сирија.

Aфрин е подрачје во северозападна Сирија, а на исток граничи со територија која Турските вооружени сили и Слободната сириска војска ја ослободија за време на седуммесечната офанзива „Штитот на Еуфрат“, што заврши во март минатата година.

Во почетокот на 2016 година, пред почетокот на офанзивата „Штитот на Еуфрат“, терористите од Aфрин започнаа со окупација во областите на исток.

Терористите од Aфрин го нападнаа местото Тел Рифат и протераа најмалку 250.000 цивили, кои избегаа во соседен Aзаз, кој е под контрола на опозициската Слободна сириска војска (ССВ).

Станува збор за цивили од вкупно 60 населени места кои ги окупираа терористите.

Челникот на локалното Собрание во Тел Рифат, Махмут Алит, за АА претходно изјави дека раселените цивили чекаат да заврши терористичката закана од Aфрин за да се вратат во Тел Рифат.

Турските вооружени сили и Слободната сириска војска во неделата воспоставија контрола во Aфрин во рамките на операцијата „Маслинова гранка“, која започна на 20 јануари, со цел ослободување на Африн од терористите на ПЈД/ПКК и ДЕАШ, а една од целите на операцијата е овозможување на цивилите да се вратат во соседниот Тел Рифат.

Терористите на ПЈД/ПКК, пред почетокот на операцијата „Маслинова гранка“, под окупација држеа четвртина од територијата на Сирија и 65 отсто од сириско-турската граница.

Терористите вршеа притисок врз цивилите во Aфрин, Тел Рифат и другите окупирани подрачја, со цел насилно да ги однесат луѓето на боиштата или во притвор.

Сличен пограничен поход од терористите на ПЈД/ПКК, доживеаја и цивилите во регионите на источниот брег на Еуфрат.

Во јули 2015 година, терористичката организација го окупира Тел Абјад, кој се наоѓа помеѓу Хасека и Кобани, а во тоа им обезбеди воздушна поддршка американската војска.

Координаторот на Врховниот совет на сириските етнички групи и племиња, Хамад ал Асад, изјави дека терористите на ПЈД/ПКК, уште во 2012 година тргнале во вооружен марш, во прогон на арапското, курдското, туркменското и асирското население во северниот дел на Сирија.

Истакнувајќи дека Советот ги следи состојбите во сите населени места во северниот дел на Сирија, Асад изјави дека терористите на ПЈД/ПКК, од тој регион, со исклучок на Aфрин и периферијата, протерале вкупно 1.955.000 цивили.

Според податоците на Советот, терористите од Мунбич протерале 250.000 Арапи, од Камишли 150.000, од ​​Кобани 40.000, од Амуд ​​25.000, од Дирбесије 20.000 Курди, Aрапи и Асирци, потоа од Шедад 120.000, од Ал Хор 30.000, од Сулук и Тел Абјад 180.000 Aрапи. Од Тел Хамис и соседните места протерани се 150.000 Aрапи, Kурди и Aсирци, а од Рака и Танк 350.000 Арапи и 30.000 Tуркмени.

Извор:АА

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here