Муслиманите ширум целиот свет, како и во Македонија вечерва низ различни верски активности ја обележаа мубарек ноќта Лејлету-л-регаиб, во исламот позната како ноќ на желбите, надежта и ибадетот.

szamija-podgorci (Copy)

Како што веќе сте запознати како и секоја година, такаа и ова година продолжуваме со свеченостите,  обележувањето на ноќите во исламскиот календар.

Вечерва ја обележуваме ноќта Лејлету-л-Регаиб.

Како и секоја година, така и ова, преку нашите талебињата кои посетуваат Мектеб во нашава населба, бројните верници имаа можност да слушаат извадоци од Кур`анот, Илахи, Мевлуд, како и пригодно предавање.

Свеченоста се оддржа  по завршувањето, со Акшам-намаз,кога всушност настапи и првата во низа мубарек ноќи, Лејлету-л-Регаиб или познат како Ноќ на желбите. Оваа ноќ се обележува во пресрет на првиот петок во месецот Реџеп.

Во исламскиот календар, ноќите Лејлету-л-Регаиб , Лејлету-л-Мираџ,Лејлету-л-Берат,Лејлету-л-Кадар, се избрани во однос на останатите ноќи во годината, и сходно тоа, тие се обележуваат на начин на зајакнување на ибадетот, доброволен намаз и учење на Кур`ан. Деновите и ноќите на месецот реџеп и ша`бан представуваат весници на предстојните денови на месецот Рамазан.

Лејлету-л-Регаиб е ден на нов почеток во историјата на човештвото и е прв од трите избрани ноќи што го објавуваат доаѓањето на месецот Рамазан. Тоа го означува првиот квартал од еден месец во Реџеб. Врз основа на исламските учења, ова е ноќ која ја претставува потврда на Аллаховата милост кон човештвото.

Се смета за избран момент во кој се исполнуваат желбите, молитвите и надежите. Довата или молбата кон возвишениот Аллах е врска и милост што го поврзува Создателот и Неговите суштества, па заради тоа верниците, муслиманите ширум целиот свет, вечерашната мубарек ноќ ја спроведуваат во ибадет и молитва.

ИншАллах наредната година, ако даде возвишениот Аллах, првата свеченост по повод оваа мубарек ноќ, да ја дочекаме и приредиме во новата џамија на населба Подгорци, – ни беше изјавено во заедничката изјава од страна на имамите на Подгоречката џамија, Џеваир еф.Сефоски, и Назме еф. Мавмудоски.

А, ние почитувани, во прилог на оваа информација, ви прикажуваме дел од свеченоста по повод оваа мубарек ноќ, оддржана во населба Подгорци, и она што ни го приредија телебињата кои посетуваат веронаука при ова џамија.

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here