rusija-eu

Кој губи или добива од раскинувањето на врските на Европа со Русија?

Откако половина од Европа изразија солидарност со Лондон во случајот со Скрипал, се поставува многу посериозно прашање, и дали Европа и Русија  си имаат потреба еден на друг? Која од двете страни ќе изгуби повеќе во случај на целосно прекинување на контакти и врски? Одговорот на ова прашање не е толку едноставен, како што мислат оние кои се залагаат за силен и асиметричен одговор на Русија, многу поостри од она што Москва ќе го направи. Имено, иако во официјалното соопштение Руското Министерство за надворешни работи беше остро и  протерување на руските дипломати го нарече како непријателски чин, најверојатно ќе одговори со истата мерка, и на секоја земја ќе и протера онолку дипломати од Русија колку што протерале тие.

Ескалацијата на конфликтот со Русија кој го предизвика Лондон, не прикажувајќи апсолутно никакви докази за руска вина за труењето на Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија со боен отров на почетокот на овој месец во Солсбери, доведе до заеднички изјави на земјите на ЕУ во кои “за труењето на Сергеј Скрипал” е многу веројатно “Виновна е Русија. Првиот чекор било повлекување на амбасадорот на ЕУ од Москва “на консултации како политички знак за солидарност со Лондон”, а потоа САД, Канада и неколку европски земји го објавија протерувањето на руските дипломати.

Овие мерки веќе предизвикаа осуда не само на Москва, туку и големо незадоволство кај Европејците кои силно се противат на натамошното влошување на односите меѓу Европската унија и Русија. Она што е интересно, според истражувањата на медиумите и разните анкети, дури и на порталите кои систематски ја промовираа анти-хистеријата во текот на изминатите години, повеќето Европејци не се согласуваат со мерките што ги преземаат нивните влади.

Покрај тоа, многумина укажуваат на итна потреба за брзо подобрување на односите, со исклучок на балтичките земји и Полска, иако во овие земји не се спроведени систематски анкети за јавното мислење и со сигурност не може да се каже дека јавноста се согласува со потребата од понатамошно влошување на односите, вклучувајќи ја и акумулацијата воената машинерија на Пактот на НАТО на нејзините источни граници.

Од друга страна, Марин Ле Пен во Франција изјави дека ЕУ води вистинска Студена војна против Русија.

Marine Le Pen, FrancuskaФОТО: Марин Ле Пен

Разговорите за “Студената војна” и “ѕидот меѓу Европа и Русија” се водат четири години од обединувањето на Крим со Руската Федерација, ама секогаш беа доживувани како претерување. Пред се, со цел да се разбере меѓусебната поврзаност и заедничкиот интерес на двете страни во широк спектар на меѓусебни односи.

Европа отсекогаш била странец, атрактивен и во исто време опасен сосед. Бидејќи тие никогаш не успеале да ја потчинат Русија, различните европски центри на моќ-та, првенствено Лондон, Париз и Берлин, отсекогаш се обидувале да ја користат Русија во внатреевропските конфликти, секоја за своја корист. Меѓутоа, со векови, на исток биле покренувани казнени експедиции, и по секоја од нив, моќта на Русија отсекогаш се растела, а со тоа и влијанието врз внатрешните европски работи.

Што се однесува до самата Русија, таа не е имуна на прозападниот став на дел од домашната елита, која Русите ја сметаат за традиционална болест на владеачката класа уште од времето на Петар Велики. На крајот, дојдовме до третиот милениум и претседателството на Владимир Путин, кој имаше силна и нескриена желба со Европа да изгради силна, разновидна и правична соработка. Ова најдобро се гледа во една статија кој ја напишал во 2011 година за весникот Известија, кога ја најави потребата да се изгради моќен евроазиски сојуз од Лисабон до Владивосток. Тоа не била Евроазиска економска унија што ќе ја апсорбира ЕУ, како што тогаш урлале во Вашингтон, туку равноправна неформална унија на две заедници, цивилизација и економски простор кој би се протегал од европскиот брег на Атлантикот до рускиот Далечен Исток и Пацификот.

Во тој сојуз не би било постари и помлади учители и ученици, туку два силни и самостојни соседи кои живеат со своите правила, но со многу заеднички сеќавања за минатото, интерес за сегашните и идните проекти.

Две години подоцна, во јуни 2013 година на самитот на тогашната Г8, американскиот претседател Барак Обама и британскиот премиер Камерон го објавија создавањето на главениот трансатлантски договор за трговија и инвестиции (ТТИП), дизајниран да ги минира економските врски меѓу Русија и ЕУ, а подоцна со државниот удар во Украина и обвиненијата против Русија конфликтот го подигаат конфликтот го подигна на повисоко ниво, за на крајот да ја достигне точката на можна воена конфронтација на подрачјето во Украина и во регионот на Црното Море или на Балтикот и Полска. Значи, предлогот на Владимир Путин успешно е миниран, барем засега, во голема мера поради фактот што земјите на Европската унија не се суверени и во повеќе наврати се докажале како англосаксонски вазали.

Obama krivi drugeФОТО: Обама

Сепак, погрешно е да се каже дека Русија не направи ништо оваа година. Москва упорно работи со европските сили кои сакаат да ги подобрат односите. Во Европа, многумина сваќаат каква штета донесува политиката на  притисок, санкции и ограничувања на Русија. Меѓу нив се и разни сили, од бизнис кругови, мултимилионери до популистички, национално ориентирани движења, од евроскептички политичари до претставници на старата европска аристократија, од левица и комунисти, до претставници на католичкото и православното свештенство. Нивниот конфликт со атлантистите кои ја контролираат Европската унија се одразува во конфликт со властите во повеќето европски земји. Ова е очигледен процес, кој во изминатите неколку години има интензитет. Ако овој тренд продолжи и нема индикации за слабеење, Русија во среднорочниот период неизбежно ќе ја стекне “наклонетоста” на властите во повеќето европски земји.

Мњѓутоа,тој пат ќе има многу провокации, не само како случајот Скрипал. Да се потсетиме на паднатиот авион над Украина или за обвинувањата за вмешаност во изборните процеси во европските земји.

Се разбира, секоја од овие провокации во рускиот народ буди разбирлива емоционална желба да се “протера таа Европа”, Русија се оддалечи од неа и прекине сите врски со европските земји само за да јасно покаже гнев.

Но, раскинувањето на сите врски на Москва со Европа е погрешно. На прво место бидејќи тоа го сакаат Лондон и Вашингтон, а на друго, заради тоа што Русија ќе остане сама. Русија не е исклучиво азиска земја, како што не е и европска. Тоа е единствена цивилизација која ги комбинира источно-европските и азиските традиции. Затоа, за Русија, Европа секогаш ќе биде важна, како близок и вечен непријателски партнер. Да потсетиме дека дури ниту за времето на т.н. Студената војна и “Железната завеса” не се зборувало за меѓусебна изолација.

Што би било доколку Русија сега ја спушти “железна завеса”, како што некои предлагаат? Кој би имал поголема штета? Со голем број на врски со Европа, интересот за добри односи сепак не е толку взаемен. Прво, овие врски и требаат на Европа. За Европа, Русија не е само сосед, туку најважен фактор за нејзиниот опстанок. Ако и се одмаздува на Русија, Европа се лишува од сите најдобри можности за подобра иднина. Формирањето на Европската унија како независна сила во светот е невозможно без соработка со Русија. Во спротиврн случај,и со конфликтот со Русија, Европската унија де факто не постои.

На Европа и треба многу од Русија, и тоа не се само гасот, пазарите и инвестициски проекти. Прекинувањето на врската со Русија автоматски ќе доведе до зајакнување на влијанието врз Европа на оние кои ја окупираа после 1945 година. Секако, зборуваме за англосаксонскиот сојуз на Соединетите Американски Држави и Велика Британија.

Европската унија, која е во човечка смисла, ама и економски супериорна во однос на Соединетите Американски Држави, може да стане независен центар на моќ-та и повторно да се ослободи од подредена позиција во однос на проектот “Атлантскиот Запад”.

Novi put svileФОТО: Нов пат на свилата

Во случај на прекинување на врските со Москва, Европа за својот независен дом не може ниту да сонува, а тоа во последниве години се покажа како сон и главна цел на Европејците. Но, ако таква Европа е во конфликт со Русија, атлантистичката елита полесно ќе се соочува со Кина. Една од причините е и фактот дека големиот кинески проект “Новиот Пат на свилата” главно е поврзан со Русија. Затоа идејата за врски помеѓу Берлин и Европската унија со Москва е многу привлечна за Пекинг, бидејќи вклучува интеграција на европската геополитика. Со изградбата на таква оска, иако таа нема да биде политичка и воена, во целост би се уништило Атлантистичкото влијание врз Евроазија.

Што и да прави ЕУ, многу кризи Европа не може да ги реши без Русија. На пример, Европската Унија без Русија нема да може да влијае на ситуацијата во Либија во Авганистан, и тоа не е само прашање на војна и мир на границите на Европа, туку и на прашањата за бегалците кои буквално ќе го надвладеат европскиот континент.

Едноставно кажано, по можниот прекин на односите со Русија, Европската унија ја слабее својата способност да влијае врз меѓународните односи и кризните жаришта во светот.

Улогата на европските земји во светот, со исклучок на Обединетото Кралство кое води координирана политика со Вашингтон, опаѓа во изминатите 70 години и веќе нема простор за повлекување. 21 век нема да биде европски. Одбивајќи го рускиот предлог за соработка, самата ЕУ ја осудува улогата на послаб партнер и вазал во атлантистичкиот проект.

Ова сценарио во кое ЕУ сè уште би постоела. Во вториот случај, неуспехот на проектот за обединета Европа ќе доведе до распадот на Европската унија и ќе започне период на превирања и непријателство меѓу националните држави.

Што ја спречува Европа да ги оствари сите предности од блиски односи со Русија? Можеби уверувањето дека и самата Русија, порано или подоцна, ќе почне да врши притисок врз ЕУ со своите диктанти и барања? Некој, се разбира, може да шири такви бесмислици, меѓутоа историјата на односите меѓу Русија и Европа се докажала како невозможност на таков исход.

Митот според кој Русија ѝ треба на Европа повеќе отколку што е денес изгледа е вообичаен и во самата Русија. Едни тврдат дека Русија без напредна западната технологија нема да преживее. Но, дури и во многу изолиран период на Советскиот Сојуз, економијата на таа голема земја го разви речиси сето она што беше потребно за народите.

Русија е нешто сосема поинакво и самата започна да го обновува производството, а најсовремените технологии денес не се само на Запад, туку лесно можат да се набават во Кина, Јапонија или во други земји.

Дали на Русија ЕУ й потребна како купувач на енергетски ресурси? Русија има други големи пазари и веќе во голема мера се сврте кон Азиско-пацифичкиот регион, којшто секој го гледа како двигател на глобалната економија. Со склучување на договор со Кина, руските извозници се свртеа кон големите потрошувачи на гас, како што се Јапонија и Јужна Кореја. Западни инвестиции? Тие за руски стандарди, воглавном се смешни. Со исклучок на неколку фабрики за автомобили, од кои ниту една не е независен производител, Русија не може да зборува за речиси секој сериозен европски проект или пари.

Во текот на изминатите 300 години, малку се случувле нешта во Европа без руско знаење и учество. Но, тоа беше време кога Европа владееше со светот, а тоа неизбежно минува. Ќе се одлучи ли Европа во геополитичка и геостратешка смисла за колективно самоубиство и ќе пристане на апсолутно подредени односи со Лондон во Вашингтон, тоа не е руско прашање. Но, тоа неизбежно ќе се случи доколку Европа одбие да преговара и да соработува со Русија.

Извор:logicno.com




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


× seven = 21

%d bloggers like this: