РАВМАНОСКИ: Денешно општество- Денешни муслимани (21 век)

0
75

Пишува: Демир Равманоски

ДЕНЕШНО ОПШТЕСТВО-ДЕНЕШНИ МУСЛИМАНИ (21 ВЕК)

Знаењето е светло кое ни го трасира патот и ни го олеснува.Човекот што има знаење полесно ги надминува искушенијата низ животот.
Што се однесува до тоа каква позиција има знаењето и барањето знаење во Ислам ќе го напоменам следниот хадис каде Пратеникот с.а.в.с вели:”Барај го знаењето од колевка до гроб.”
Од тука подразбираме дека како што телото има потреба од храна така мозокот има потреба од знаење.
Првите ајети на Пратеникот кои му биле објавени од страна на Аллах џ.ш биле УЧИ во Ислам знаењето има висока позиција и за учените луѓе се ветуваат големи награди.

Но денес ние муслиманите сме го испуштиле ова светло од нашата рака и не можеме да се снаоѓаме низ темнините на незнаењето.

Долга брада краток памет,
Кратки пантолони долг јазик,
Полна уста зборови празна глава.

Станавме општество кое ги губи исламските вредности.

Живо битие кое не знае да го цени и чува она што го има.

Зарем вреди да се биде она што не си? Зарем има простор од обиди за усовршување и надградување без никакви промени и резултати? Можеби технологијата напредува, меѓутоа карактерите се уназадуваат. Меѓутоа напредокот не значи дека општеството ги усовршило познавањата, туку напротив тоа само така изгледа навидум. Реалноста е сосема поинаква.

Секојдневие полно со клевети (фитне), озборувања(гибет), лицемерија(мунафиклок), излитени фрази, манипулации, користољубивост.

Зарем вреди да се биде таква личност?

Зарем е гордост да се живее во такво општество? Општество кое малку знае, но многу зборува. Општество на кое јазикот му е побрз од мозокот. Кажува без да размисли. Презентира без да истражи. А тоа го прави постојано.

Постојано гледа во дворот на соседот не размислувајќи дека сопствениот не е исчистен. Да, таков е денешниот човек. Жалосно, но реално. Живееме во општество каде живото битие наречено човек, и битие кое по разумот би требало да се разликува од животните секојдневно убедува во она спротивното.

Она дека баш и не го користи во значителна мера својот разум. Изгледа живото битие наречено човек едноставно е голем љубител на туѓите животи и обожава да зборува лаги и невистини, да манипулира со невини суштества и да користи што повеќе.

“Разумното” суштество не е доволно разумно со потези како овие. А ги прави доста често и без мера. Ова суштество изгледа не живее за себе, ами за околината.

Живее за да го докаже на оние околу себе своето богатство, своите пари, својата голема куќа, својот автомобил… И оние околу ќе речат – Браво за овој човек. Успеа во својот живот.

Кој успех, кое браво за човек кој се прави она што не е?

Зарем е богатство да имаш пари а да немаш душа, да живееш во огромна палата а да не ги чувствуваш благодетите на природата?
Време е да ги фрлиме маските и да продолжиме со живот без лицемерие, манипулации и користољубивост.

Потребно е да бидеме она што сме.

Ајде прво да научиме а потоа да зборуваме!

Откажи одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молам ставете го вашето име