Челникот на Обединетите нации Антонио Гутеррес, предупреди дека руско-американските односи се влошуваат и дека “во голема мера тие се слични на оние во кои живеевме за време на Студената војна” и повика на воведување заштитни мерки против таквата ситуација.

Гутеррес ги повика Вашингтон и Москва повторно да воспостават комуникација

Само неколку дена откако САД објавија дека ќе протераат 12 руски дипломати заради напад со нервниот агенс во Британија, Гутеррес ги повика Вашингтон и Москва повторно да воспостават комуникациски линии за да се спречи ескалација на тензиите.

– За време на Студената војна имаше механизми за комуникација и контрола со цел да се избегне ескалацијата на инцидентите и да се осигура дека работите нема да излезат од контрола кога тензиите се зголемуваат. Таквите механизми се уништени денес.

Верувам дека е време за мерки на претпазливост, гарантирајќи ефикасна комуникација, гарантирајќи капацитет за спречување на ескалација, верувам дека механизмите од ваков вид повторно се неопходни, им изјавил Гутеррес на новинарите.

Студената војна, која траеше околу четири децении по Втората светска војна, беше обележана со геополитички тензии помеѓу САД и нивните западни сојузници од една страна и Советскиот Сојуз и другите држави од Источниот блок од друга страна.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here