Ако се видат најчитаните теми во изминатите денови, тогаш тоа е скандалот со приватноста на Фејсбук и веста дека некој ја удрил Бејонсе, но никој не знае кој . Но, три се клучни настани кои за кои не се зборува многу или не на вистински начин, ама заради кои многумина веруваат дека сме на пат кон Третата светска војна или, во најдобар случај, економски колапс.

За време на американските претседателски избори, се чинеше дека ако Хилари Клинтон стане претседател, САД речиси сигурно ќе ја предизвикаат Третата светска војна. Нешто помала веројатност беше дека би можело да се случи апокалиптично сценарио под претседателот Доналд Трамп и дека тој ќе ја извлече Америка од војната со Русија. Меѓутоа, после чистката во Белата куќа во многуте ефикасни начини на примена на притисокот на Трамп, се чини дека и тој сега се движи во таа насока.

Трговска војна

Соединетите Американски Држави веќе се наоѓаат во финансиска војна со Кина, а причината е реципроцитетните трговски царини што двете земји ги поставуваат една на друга. Претседателот Трамп прв се одлучи на ваков чекор, бидејќи одлучи да ја ребалансира глобалната трговија во корист на Америка, Кина нема да се предаде без борба. Последенот пат кога Соединетите Држави учествуваа во голема “трговска војна” се заврши со Голема депресија.

Имено, токму последната “трговска војна” на Америка, доведе до Големата депресија на 1930-тите, кога невработеноста се зголеми на 25%. Тврдејќи дека делува во интерес на зачувување на американските интереси, Конгресот во 1930 година го усвои т.н. “Smoot–Hawley”, кој требаше да ги заштити американските земјоделци. Во настојување да добие политичка поддршка, многу конгресмени повикаа на воведување на царина или данок на сите видови на стоки, само за да се добијат гласови.

Неколкуте земји, како Канада, воведоа високи царини или даноци на американските стоки кои се продавале во странство. На пример, американскиот извоз на јајца во Канада практично исчезна во 1932 година, додека во 1929 година тоа беше вреден извор на приход, тврди Даг Ирвин, поранешен советник на претседателот Реган.

Две години по усвојувањето на Законот за Smoot-Hawley, извозот на САД се намали за 40%. Невработеноста растела. Економистите веруваат дека усвојувањето на овој закон е од клучно значење за нивото на Големата депресија, и дека до кризата и дошло, таа би била многу помала доколку законот не беше усвоен. Што се случи на крајот на Големата депресија? Втората светска војна.

Со неа се прекина невработеноста, а благодарение на трошоците за војната, паралелно растел и американското БДП. Ова е еден од пробните и ефикасни начини за излез од кризата, и сè започна со царините. Значи, зборувајќи за причинско-последичните врски и ситуацијата во светот, ова е најстрашниот модел за поправка на ситуацијата во економијата.

Петројуан

Од понеделникот, САД го загубија статусот кој го имаше петродоларот, кој сега има конкуренција. Имено, порано во трговијата со нафта, можело да се искористи само доларот, што ја поддржуваше вредноста на американската валута.

Но, сега Русија и Кина, но исто така и големите светски трговци на Шангајската берза купуваат нафта користејќи го кинескиот јуан. Другите земји можат да го следат нивниот пример, бидејќи САД во минатиот век ги уништија односите со повеќето земји во светот.

Што значи тоа за САД? Инфлацијата, се разбира. Доколку доларот падне на глобално ниво, ова значи дека целиот американски увоз ќе чини повеќе. За ова се напишани многу статии, а САД се подготвени за војна само за да го заштитат статусот на петродоларот. Сепак, непријателите во овој случај не се Либија или Ирак, туку Русија и Кина. Значи, ситуацијата е доста комплицирана.

Протерувањето на руските дипломати

Меѓу другото, по “случајот Скрипал”, во Велика Британија САД протераа 60 руски дипломати. Трамп ја донесе оваа одлука откако САД се приклучија на Обединетото Кралство во обвиненијата кон Русија дека се обидела да го убие поранешниот руски агент и неговата ќерка претходно овој месец во градот Салсибури.

“Соединетите Држави ги презедоа овие активности, заедно со нашите сојузници и партнери во НАТО-алијансата ширум светот, како одговор на користењето на руското хемиско оружје во Велика Британија, последниот чекор во трендот на руските активностите на дестабилизација во целиот свет”, потврдила секретарката на. Белата куќа Сарах Сандерс.

Русија негира дека учествувала во труењето, а Путин изјавил: “Би било многу лудо во Русија бекој да дозволи вакво нешто тоа токму пред изборите и Светското првенство”. И за десетина руски дипломати протерани од различни земји во светот, Русија вети соодветен одговор. Покрај тоа, рускиот амбасадор во Вашингтон, Анатолиј Антонов, изјавил дека ” САД го разбираат само јазикот на силата“.

Без оглед на тоа дали некој од Русија е одговорен за труењето на поранешениот агент или не, одмаздата е чин што може да доведе до конфликт со непроценливи последици.

Претседателот Трамп создава “воен кабинет”

Било како било, изгледа дека Белата куќа се подготвува за војна. Неодамна, Трамп го замени својот советник за национална безбедност и генерал Мекмастер го замени со озлогласениот психопат Џон Болтон. Џон Болтон е најлошиот избор за многу Американци, а кога ќе им се придружи и Мајк Помпео, тогаш добиваме “воен кабинет”.

Болтон со децении отворено ги поддржува сите воени агресии и заедно со поранешниот шеф на ЦИА, Мајк Помпео, САД можат да влезат во крвава и брутална војна.

Болтон и Помпео можат да го советуваат Трамп да го нападне Иран и Северна Кореја. Познато е дека гневот на Џон Болтон веќе доведе до брутални војни и американско надворешнополитички програми во новата доба. Неговата политика е насочена кон провоцирање на војна со Иран, која никогаш не ја криеше и а и изјави дека “законско право на Америка е прва да удри на Северна Кореја”.

Значи, и покрај фактот што Ким Јонг-Ун се согласи да разговара со претседателот Трамп за нуклеарното оружје, со земањето на Болтон како советник, направени се 10 чекори назад и практично е создаден нов “воен кабинет”.

Трамп вети дека ќе излезе од нуклеарниот договор со Иран и дека ќе му наметне санкции на Техеран.

Мајк Помпео на Иран го нарекува “ужасна полициска држава”, “деспотска теократија” и “авангарда на деструктивна империја што ја шири својата моќ и влијание на Блискиот Исток”.

Омилениот арапски владетел на Доналд Трамп, саудискиот принц Мохамед бин Салман ајатолахот Хамнеи го нарече “Хитлер Блискиот Исток”.

Нетанјаху на Иран го нарекува “најголема закана за нашиот свет”, а американската амбасадорка во Обединетите нации, Ники Хејли, ги повтори неговите зборови.

Точно е дека во минатото Америка ги “реши” своите економски проблеми со започнување на војни. Дали овој пат ќе биде поинаку?

Извор:logicno.com

Откажи одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молам ставете го вашето име