ezero

По најавата за нови обилни врнежи се празни Охридското Езеро

Од Центарот за управување со кризи соопштија дека е во тек е максимално испуштање на вода од Охридското езеро во реката Црн Дрим. Исто така  извршено е и пренасочување на река Сатеска директно кон река Црн Дрим.

Одлуката за испуштање на вода била донесена  на седницата на Регионалниот штаб за управување со кризи-Охрид, по најавите дека се можни интензивни врнежи и ветер во охридската котлина.

За состојбата известени се и угостителските објекти што се лоцирани близу крајбрежјето на Охрид и Струга.

Ќе се врши засилена контрола на патниот правец Струга-Дебар во село Луково поради зголемениот истек на вода од браната Глобочица. 

Интензивни врнежи од дожд се очекуваат  во раните утрински часови в недела проследени со силен јужен ветар што на моменти ќе достигнува до 80 километри на час. Јужниот топол ветар ќе предизвика и топење на снеговите на планините, што ќе доведе до нагло зголемување на дотекот на вода во сливното подрачје на реката Црн Дрим и до прелевање  на вода низ шахтата на ХЕЦ „Глобочица“ од некаде 150 до 200 метри кубни во секунда.

Се очекува хидролошката ситуација во охридско-струшкиот регион да биде најсложена околу шест часот наутро на 1 април, истата да потрае во текот на денот до попладневните часови, кога се очекува стабилизација на временските прилики и истеците на вода.

Поради ова, од општина Струга предупредија дека висината на нивото на водата на дел од патот Струга – Дебар кај село Луково може да достигне висина од 1 метар и им препорачуваат на граѓаните од вечерва до утре во попладневните часови да не патуваат по регионалниот пат Струга – Дебар низводно од браната Глобочица.

Извор:НоваТВ/Фото:Ohridnews




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


five + = 6

%d bloggers like this: