ispustdrimmart2

Комплетно отворени портите на испустот на езерото во Црн Дрим (Фото/Видео)

Во пресрет на најавеното невреме за вечерва, од вчера се врши максимален испуст на вода од Охридското Езеро во реката Црн Дрим, а извршено е и пренасочување на реката Сатеска директно кон Црн Дрим, информираат од  Центарот за управување со кризи.

ispustdrimmart2Ова е една од одлуките по одржаната седница на Регионалниот штаб за управување со кризи – Охрид, кои уште од синоќа презедоа соодветни мерки за превенција. За состојбата известени се угостителските објекти кои се лоцирани близу крајбрежјето на Охрид и Струга. Исто така, наведуваат од ЦУК, ќе се врши засилена контрола на патниот правец Струга-Дебар во село Луково поради зголемениот истек на вода од испустот на браната Глобочица.

– Состојбата будно се следи од страна на сите субјекти на ЦУК, кои ќе преземаат соодветни мерки за санирање на евентуални настанати ризици и опасности, соопштуваат од ЦУК.

Поради најавите за врнежи на дожд во количина од 20 литри на метар квадратен, се стравува од значително зголемување на дотекот на водите.

– Ова ќе предизвика нагло зголемување на дотекот на вода во сливното подрачје на реката Црн Дрим, особено на профилот на браната Глобочица. Најголемите протеци на вода добиени според анализите правени согласно со метеоролошката прогноза се очекува да бидат утре, околу 06 часот изутрина, а ќе траат до попладневните часови, истиот ден кога се очекува стабилизрање на истеците на вода, информираат од ЦУК. (Крај)

извор: ОхридПрес фото/видео: ОхридПрес




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


8 − seven =

%d bloggers like this: