palestina-izraelteror

Израелскиот режим протестите на Палестинците ги задушува во крв – Бројот на жртвите расте

Бројот на жртвите во нападите на израелскиот режим врз палестинските демонстранти достигна 17, а повеќе од 1.400 се повредени. Силите на израелскиот режим на сила се обидуваат да ги спречат Палестинците да ги преминат граничните утврдувања поритоа користејќи огнено оружје, оклопни возила, снајперисти, беспилотни летала и солзавец. Во болница биле примени 748 лица со рани од огнено оружје.

Во Палестина е прогласен ден на жалоста заради последните жртви во судирите со демонстрантите и војската на израелскиот режим.

Израелските режимски сили во Источна Газа употребија гасни бомби. На снимките објавени на интернет се гледа како од небото во близина на граничната ограда дури и со помош на дрон биле употребени вакви средства за растерување на Палестинските цивили.

Палестинскиот претседател Махмуд Абас денес објави ден на жалост низ цела Палестина. Палестинската влада ја осуди прекумерната употреба на сила од страна на израелските режимски сили, барајќи од меѓународната заедница итно да дејствува со цел да се спречат понатамошните напади врз Палестинците.

Бројот на Палестинци убиени од страна на окупаторските израелски војници во појасот Газа се зголеми на 17. Во судирите во Појасот Газа и на Западниот Брег, по повод одбележувањето на “Денот на Земјата”, комеморација во спомен на шестмината Палестинци кои загинаа пред 42 години во протестите заради одземањето на нивното од земјиште, ранети се притоа 1400 Палестинци.

Палестинците одржуваат масовни демонстрации под назив “Голем марш за враќање“, на границата на Појасот Газа и Израел, каде што десетици илјади луѓе се собраа во шест различни области.

По повод “Големиот марш за враќање”, шатори биле подигнати и во различни гранични области, а протестите треба да траат шест недели.

Израелскиот министер за одбрана, Авигдор Либерман, објави дека територијата долж границата во Газа се прогласува за “затворена воена зона”.

“Територијата во близина на оградата на границата со појасот Газа била прогласена за затворена воена зона. Со цел да се спречи пробив на израелската територија, израелската армија е концентрирана на границата со Газа. Целосниот опсег од граничниот премин Ерез во Керем-Шалом, биле завземени позиции и   распоредени се во воени бригади “Голан”, “Гивати” и “Нахал”, исто така распоредени биле, специјалци, снајперисти, оклопни возила и беспилотни летала”, изјавил министерот за одбрана на еврејската држава и ситуацијата се заканува да прерасне во отворен конфликт помеѓу припадниците на движењето Хамас и израелската режимска војска.

Извор:logicno.com




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


two × = 14

%d bloggers like this: