Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган  синоќа разговореше со американскиот претседател Доналд Трамп за масакрот на Израел врз Палестинците.

– Го прашав синоќа ценетиот Трамп: “Зарем вие нема да интервенирате?“ Никој тоа не го гледа. Ние никогаш не сме правеле вакви масакри. Фактот дека оние кои не смеат да му прозборат на Израел на тоа што со тешките оружја удира на луѓе кои протестираат на својата територија Газа, а вперуваат со очите во нас, е најдобриот доказ за нивната нечесност – рече Ердоган.

Ердоган денеска во Истанбул изјави дека Турција ги критикува критичарите за својата чесна борба во Африн, ама оние кои ја критикуваат не се во состојба да прозборат ниту збор против Израел кој вчера изврши масакр на Палестинците во Газа,

– Турција, во последните неколку години, ја спроведе најчистата и најхуманата воена операција во Африн и затоа беше критикувана. Ама, дали од истите нив слушнавте можеби некоја критика на сметка на Израел, кој вчера изврши масакр над Палестинците? Каде се? – запрашал Ердоган.

Најмалку 15 Палестинци од појасот Газа беа убиени, а околу 1.400 беа повредени кога израелските режимски сили отворија оган врз демонстрантите по повод одбележувањето на “Денот на Земјата”, симбол на отпор кон израелската окупација.

Палестинскиот претседател Махмуд Абас во саботата објави ден на жалост повод вчерашниот израелски масакр.

Откажи одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молам ставете го вашето име