PLAZA-STRUGA

Охридско eзеро е над критичната кота,оштетени се угостителски објекти

Нивото на водата во Охридското езеро е над критичната кота од 694 метри надморска височина и веќе се прелева над одредени места на Кејот на езерото во Охрид, но поголеми проблеми не се предизвикани.

Од брановите предизвикани од силниот ветер од јужен правец повторно настрадаа некои угостителски објекти поставени на самата крајбрежна линија на потегот од градското пристаниште кон Канео.  Оштетени се  стари дрвја, некои ламаринени покриви, а ветерот откорна и дел од трската кај локалитетот Мазија.

Во Струга беше поплавен поголем дел од машката плажа, дел од паркот, импровизираното пристаниште и шеталиштето крај устието.Од испустот на Дрим се испуштаат 22 метри кубни во секунда, а од ЕЛЕМ велат дека водостојот на езерото се држи под контрола.Image may contain: night, outdoor and waterImage may contain: outdoor, water and nature

Добро во целата ситуација е што, иако најавувани во текот на ноќта, немаше позначајни врнежи од дожд, што дополнително ќе ја отежнеа и онака сериозната ситуација на висок водостој на езерото

Од Управата за хидрометеоролошки работи поради врнежите од дожд најавија зголемени водотеци во западниот дел од државата, особено во сливните подрачја на реките Треска, Радика, Црн Дрим, Сатеска, Црна река, Коселска и горниот дел од сливот на реката Вардар.

Поради зголемното испуштање на водата од Охридското Езеро преку реката Црн Дрим, како и поради усмерениот тек на дел од реката Сатеска, се очекуваше доста голем водостој на Црн Дрим низводно од истекот од Охридското Езеро, како и можни локални излевања на реката во Струшкото Поле и низводно кон акумулацијата Глобочица.

– Поради исполнетоста на акумулацијата Глобочица (од дотекот на р.Црн Дрим во неа) и испуштањето на голема количина на вода од преливот се очекува значително висок водостој на р.Црн Дрим низводно од Глобочица а можни се и локални излевања на тој потег (кај Луково, како и на делови од патниот правец Струга-Дебар), информираа од УХМР.

 Извор:НоваТВ/Фото: Фејсбук: Спомнете ја Струга барем на картата за временска прогноза




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


× 6 = forty two

%d bloggers like this: