gaza

Израел пресметано убивал Палестинци на протестите во Газа

Хјуман рајтс воч-Human Rights Watch  (ХРВ) денеска го обвини Израел за “незаконска” употреба на прекумерна сила која минатата недела ја користеа масовните палестински протести, во кои загинаа 18 луѓе. ХРВ објави извештај во кој се наведува дека – иако имало насилство во Петок за време на протестите, како што се фрлање камења и запалени гуми – нема докази дека демонстрантите “сериозно ги загрозувале” израелските војници.

“Израелските војници не само што користеа прекумерна сила, туку очигледно дејствувале по наредба да спроведат крвавав воен одговр на Палестинските демонстранти”, изјавил Ерик Голдстајн, заменик-директор на ХРВ за Блискиот Исток.

“Резултати на тоа се смрт и ранување на демонстрантите од другата страна на границата, кои не беа закана по ничиј живот”, додаде тој.

Петокот беше најкрвавиот ден во таа крајбрежна енклава од војната меѓу Израел и Хамас во 2014 година. Според Министерството за здравство контролирано од Хамас, стотици луѓе биле ранети од куршуми.

Израел тврди дека пукал во “главните покренувачи на протестите”.

Војската тврди дека протестите претставуваат маска за исламистичката група Хамас која го контролира појасот Газа, за да изврши напади врз израелската граница.

Израелскиот министер за одбрана ги отфрли повиците на генералниот секретар Антон Гутерес и другите на независна истрага на смртта на демонстрантите.

Извор:(Vijesti)




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


× 9 = forty five

%d bloggers like this: