putin-turcija

Ердоган: Денес сведочиме на историски момент

Претседателот на Република Турција, Реџеп Тајип Ердоган, со највисоки државни почести во Анкара денеска, го пречека рускиот претседател Владимир Путин. Ердоган го пречека Путин на влезот во претседателската палата, а потоа беа интонирани двете химни.

По пристигнувањето пред претседателската палата, Путин ги поздрави војниците во почесната стража со зборовите “мерхаба аскер” (поздрави војници).

По заедничкото фотографирање пред претседателската палата, Ердоган и Путин присуствуваа на видео-конференција за поставување на камен-темелник за изградба на првата турска нуклеарна централа Аккују.

Ердоган рече дека денес е сведок на историски момент во контекст на развојот на земјата, како и енергетска соработка со Русија.

Рускиот претседател Владимир Путин изјавил дека турската нуклеарна централа Аккују ќе биде безбедна и еколошка.

После тоа, се планира билатерален состанок, а потоа Ердоган и Путин ќе претседаваат со седмиот состанок на Советот за соработка на високо ниво меѓу Турција и Русија.

По состанокот е планирано потпишување на договорот, проследено со заедничка прес-конференција, по што следи вечера во чест на рускиот претседател Путин.

Путин, исто така, ќе присуствува на трилатералниот самит на Турција, Русија и Иран за време на претстојниот ден во Анкара, а тема на самитот е Сирија.

Извор:(Vijesti / AA)




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


7 − one =

%d bloggers like this: